Вечерва го имавме едно од највозбудливите изданија на „Трилинг“ досега, а во оваа емисија ни гостуваат: Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, адвокатката Сузана Јошевска Анастасовска и писателот Живко Гроздановски.
„Нема пресуда за Мијалков, најмасовното прислушување останува во архивите. Големото уво беше мотив за Црвенковски контра Георгиевски, или Заев контра Груевски – во еден период лутите противници стануваат сојузници.
И пребеганиот премиер Груевски како да навестува враќање во државава. Во наместено интервју преку српски ментори кажува зошто Бугарија се смртни непријатели за него.
Неказнивоста станува синоним за богатите, нема судство, се е политика, само политички интереси. Правдата ја нема, не живее во државата.
Скопје 2014-та станува Македонија 2023-та“.
Ова е кратка увертира за новото издание на Трилинг кое целосно може да го погледнете во продолжение.