Вечерва уште едно интересно издание на „Трилинг“. Емисија во која гостуваат министерката за одбрана – Славјанка Петровска, писателот, новинар и колумнист – Звездан Георгиевски и поранешната судијка во Врховниот суд – Милка Ристова.
Вечерашни теми се ѓубрето во градот, Судскиот совет, Уставните измени, но и останати актуелни теми.
За да се прифатат или да се одобрат уставните измени потребно е само едно – лидерство и визионерство. Во 2018-та не беше лесно тогашната влада и тогашното парламентарно мнозинство да го промени уставот со цел наше пристапување кон НАТО Алијансата. Не е прашњето, нема никој од нас, особено ние што сме на некои функции, нема да останеме запаметени ако повторуваме дека ЕУ е наш приоритет, туку ќе останеме запаметени по тоа што сме направиле за да станеме членка на ЕУ, вели Петровска за „Трилинг“.