(Видео) Трилинг: Што не очекува – економско заздравување или должничко ропство?
🔴 „За македонскава економија такви стапки на раст воопшто немаат никакво влијание. 3% ништо не мораме да правиме, само да купуваме во маркетите ќе имаме толкав раст. За оваа економија се што е над четири, пет, шест, седум проценти ние ќе можеме да го почувствуваме и ќе може да се види – преку изградба на квалитетна инфраструктура, нови економски капацитети, се останато. Повторно ќе нагласам – ние сме последни во нашиот регион, а нашиот регион е економски еден од најзаостанатите во Европа. Но јас сѐ уште верувам дека можеме да бидеме економски „тигар“ во регионот, вели Ангеловски. 🔴 „За каква расипаност кога зборуваме за корупција може да стане збор. Мислам дека пред сѐ расипани се критерумите. Кога велам корупција воопшто не мислам на она што стандардно се подразбира – давање пари и земање пари – директно од точка А до точка Б, туку мислам на пореметеност на расипаност на критериумите. Еве имаме една афера која долго време се влече по медиумите во врска со образованието на избран директор на АНБ. И тоа е всушност апла студиум, односно case study на корупција. Зошто – затоа што вие гледате дека имате проблематична диплома по англиски јазик, медиумите известуваа за проблематична универзитетска диплома и мислам дека мастер беше некаков во прашање, испити се положени за година дена. Значи тоа е case study за расипаност на критериумите. Очигледно е тука дека ние сме ги разнишале сите можни цврсти критериуми коишто сведочат за нечие образование. И кога ви се вас тие дипломи, кога има проблем во оценувањето на нивната објективност, тоагаш е очигледно дека корупцијата е сеопшта. За таква корупција зборувам. За расипаност на критериуми по сите можни основи, вели проф. Бојаџиевска.
„Не очекувајте криминал од некој мал трговец. Криминалот и корупцијата се случуваат на највисоките позиции, каде вие имате можност со еден потпис, со едно климање на глава или со една едноставна одлука да се доделуваат тендери“, смета Ангеловски.
Најголемите болки во нашето економско живеење, според Ангеловски се бирократијата, спорите процедури и тенденциозно негативно толкување на законите.
„Некогаш се носат европски закони, текстот и преводот се европски, а примената е балканска или македонска, вклучително, ќе видиме како ќе биде и со Законот за нефер трговски практики. Таму има одреден круг на производи каде што треба да се елиминираат одредени бариери, треба да се толкува и веднаш се излезе со квази толкувања надвор од економската логика, но ние ги охрабруваме институциите да ги применуваат законите на најдобар можен европски начин.
Говорејќи за евентуалната спрега во криминалот помеѓу газда – извршна власт – судии, Ангеловски вели дека судството ни е на најниски можни граници.
„Коорпоративното искуство говори дека ако влезете во судските лавиринти ретко кога вие може да ја добиете таа загарантирана правда, да го одбраните капиталот. Така што тука дефинитивно ни треба длабока реформа. Држава без судство мислам дека е нешто нефункционално“, потенцира Ангеловски.
Околу тоа дали можеме како економија да стигнеме до раст од 3,7% и отплаќањето на надворешниот долг кој е релативно висок, првиот човек на ССМ вели дека се што гледаме како економски раст, а почнува на три, на два, на еден, е еднакво на нула.
„За македонскава економија такви стапки на раст воопшто немаат никакво влијание. 3% ништо не мораме да правиме, само да купуваме во маркетите ќе имаме толкав раст. За оваа економија се што е над четири, пет, шест, седум проценти ние ќе можеме да го почувствуваме и ќе може да се види – преку изградба на квалитетна инфраструктура, нови економски капацитети, се останато. Повторно ќе нагласам – ние сме последни во нашиот регион, а нашиот регион е економски еден од најзаостанатите во Европа. Но јас сѐ уште верувам дека можеме да бидеме економски „тигар“ во регионот, вели Ангеловски.
„Ние имаме земја каде што симболот на нашето знаме е сонцето. Во светот во овој момент ако во нешто се инвестира се обновливите извори на енергија. Ние наместо да развиваме квалитетно земјоделство, ние инвестираме во обновливи извори, ама на земјоделско земјиште за да останеме без храна. Таму каде што треба да инвестираме за сопствени потреби на домаќинствата, тоа не го правиме, додава Ангеловски.
„Не верувам дека тие коишто се задолжени за креирање на политики во доменот на образованието и пошироко, ги слушаат интелектуалците. За тоа се виновни и двете страни. Не е само виновна само страната на „политичарите“, виновни се и оние коишто сакаат да се нарекуваат интелектуалци“, изјави за „Трилинг“, Маја Бојаџиевска, универзитетска професорка и добитничка на државната награда Св. „Климент Охридски“ која при доделувањето на наградата изрази сериозни критики и забелешки во однос на функционирањето на образованието, но и на севкупниот систем во државата.
„Мислам дека вината на тие што се нарекуваат интелектуалци е што на некој начин доброволно се ставија во полугите и во машинеријата на оние кои ги креираат политиките. Интелектуалецот не е конфорна позиција, интелектуалецот подразбира постојана, акивна критичка свест, непристрасност и еден вид борбеност на знаењето виз а ви се друго. Не е комотна таа позиција затоа што предизвикува непријатност, ако интелектуалецот секогаш со својот морален интегритет и интелектуален капацитет и морал го загрзоува востановениот поредок.
-За жал не може да се каже дека нашите интелектуалци успеаја да ја изборат таа позиција на независност и доброволно многу често се ставија во некакви манипулативни политички процеси, вели проф. Бојаџиевска
Говорејќи за корупцијата како еден од најголемите општествени проблеми, Бојаџиевска вели дека тоа е нешто што е многу темелно и многу проширено.
„За каква расипаност кога зборуваме за корупција може да стане збор. Мислам дека пред сѐ расипани се критерумите. Кога велам корупција воопшто не мислам на она што стандардно се подразбира – давање пари и земање пари – директно од точка А до точка Б, туку мислам на пореметеност на расипаност на критериумите. Еве имаме една афера која долго време се влече по медиумите во врска со образованието на избран директор на АНБ. И тоа е всушност апла студиум, односно case study на корупција. Зошто – затоа што вие гледате дека имате проблематична диплома по англиски јазик, медиумите известуваа за проблематична универзитетска диплома и мислам дека мастер беше некаков во прашање, испити се положени за година дена. Значи тоа е case study за расипаност на критериумите. Очигледно е тука дека ние сме ги разнишале сите можни цврсти критериуми коишто сведочат за нечие образование. И кога ви се вас тие дипломи, кога има проблем во оценувањето на нивната објективност, тоагаш е очигледно дека корупцијата е сеопшта. За таква корупција зборувам. За расипаност на критериуми по сите можни основи, вели проф. Бојаџиевска.
Целото издание на магазинот „Трилинг“ со Горазд Чомовски, погледнете го во видеото.