(Видео) Трилинг: Стратешки договор или финансиски дил со Велика Британија кој ќе не втурне во економски амбис?

Заменик министерот за надворешни работи и надворешна трговија Зоран Димитровски, Џевдет Хајредини поранешен министер за финансии и писателката и инфлуенсерка Ксенија Николова гости во новото издание на магазинот „Трилинг“.

Дали надвор од одговорот со Велика Британија, властите во Скопје би прифатиле отворање на бегалски кампови ако официјален Лондон го побара тоа од нас? Кои се креативните дипломатски решенија што македонската страна ги нуди за деблокада на евроинтегративниот пат? Какви се шансите за репреговарање на договорот со Бугарија? Ќе успеат ли напорите Европскиот Парламент да усвои резолуција со која се признава македонскиот јазик и идентитетот?

Зошто од бомбастично најавуван стратешки договор сега тој е класичен финансиски дил во кои не е најјасе финансискиот менаџмент-кој и како ќе ги трансферира парите, колкава камата, рок на отплаќање? Дали мистичност е како од времето на аранжманот со „Бектел и Енка“ или Тајванскиот договор на Георгиевски и Тупурковски со признавање на Тајван?. Беше критичен кон предлогот Ставревски да биде гувернер на НБРМ, дали со тоа му го отвори патот на Славески да ја наследи Бежовска? Можно ли е Таравари со ДУИ да отвара врата за нова коалиција со ВМРО-ДПМНЕ? Колкав е капацитетот на ВРЕДИ во политичкото етаблирањето во албанскиот електорат?

Во „Трилинг“ и со писателката и инфлуенсерка која за првпат јавно проговори за проблемот со неплодноста и неколкуте неуспешни Ин Витро обиди.

Заменик министерот за надворешни работи и надворешна трговија Зоран Димитровски, Џевдет Хајредини поранешен министер за финансии и писателката и инфлуенсерка Ксенија Николова гости во новото издание на магазинот „Трилинг“.

Фото: Трилинг / Зоран Димитровски

„Сакам да кажам дека ова е многу значен Договор што помина во Парламентот, затоа што значи навистина стратешко партнерство со Обединетото Кралство, кое покрај нашето стратешко со САД покажува дека Македонија дека на својот меѓународен план ги засилува своите партнерства со навистина доминантни држави во светот кои имаат огромно влијание во геополитиката и тоа покажува интерес исто така на Велика Британија за овој дел од регионот каде што Македонија централно е позиционирана и идните геополитички и безбедносни аспекти од оваа перспектива, со овој договор, на некој начин се решаваат, вели заменикот министерот за надворешни работи и трговија Зоран Димитровски околу ратификацијата на Договорот за стратешко партнерство помеѓу Македонија и Обединетото Кралство.

За тоа дали во Договорот има клаузула за прифаќање на бегалците во Македонија, Димитровски смета дека таа шпекулација потекна од британски медиуми.

„Голем е интересот на ЕУ и на Велика Британија во делот за на имиграцијата. Го имаат притисокот од нивните општества и тие се секогаш концентрирани на таа тема во контекст да пишуваат и зборуваат за тоа. Оваа шпекулација беше демантирана, не само од амбасадорот Лосон, туку гледаме дека во овие договори воопшто нема ниту спомнување на таква клаузула. Но морам да кажам, дека се разговара со Велика Британија на ист начин како што го имаме договорот со „Фронтекс“ кој претставува еден начин на вклученост на европските полициски структури во мониторирање на границата. Значи ист таков договор каков што Македонија има потпишано со „Фронтекс“ во таков контекст се разговара и со Велика Британија за евентуално нивно учество во мониторирање на делот од границата и спречување на бегалски бран. Ако официјален Лондон побара од нас правење на бегалски кампови таква клаузула во никаков договор не би прифатиле. Македонија мислам дека не е подготвена тоа да го направи. Ова Влада барем не е подготвена тоа да го направи, вели Димитровски.

Фото: Трилинг / Зоран Димитровски

Говорејќи за тоа што предвидуваат креативните решенија, како што ги наслови претедателката Сиљановска Давкова, во однос на деблокада на македонскиот евроинтегративен пат, заменикот министер за надворешни работи и надворешна трговија смета дека молкот од Софија говори многу гласно.

„Сите овие изминати месеци говоревме дека треба да дојде политичка Влада во Софија за да почне некаков политички дијалог и тоа од таа страна не се негираше. Но како дојде политичка Влада во Софија гледаме дека бугарската страна на некој начин одбива политички дијалог и тоа не само за прашањата за кои имаме реално спор во контекст на нашето евроинтегрирање, туку и за прашања, да речеме, од инфраструктурен карактер, како што е Коридорот 8, каде повторно тој дијалог е заглавен од бугарска страна.

-Јас лично бев во Софија на меѓународна конференција каде побарав средба со моите хомолози од страна на Бугарија. Има две заменички министерки и не ја добив таа средба. Има многу други обиди за средби кои не се реализираат или се само од формален карактер. Никаква суштина се разговара на тие средби, затоа што бугарската страна одбива да комуницира. За креативните решенија јас не би откривал детали затоа што тоа не е моја надлежност, но ние тие креативни решенија ги разговараме на сите средби со нашите европски партнери и голем дел на тие решенија се прифатливи за нив. Но се разбира треба да ги прифати и другата страна.

Околу ставот на ВМРО-ДПМНЕ, пред да дојде на власт, дека ќе се почитува Договорот за добрососедство и соработка со Бугарија и дали денес има простор за репреговарање за нов договор, Димитровски вели дека тој лично не говорел за поништување на договорот, туку за изнаоѓање начини како да се надмине спорот.

„Да, кога станува збор за комплетната преговарачка рамка, во неа навистина има скриени мини и динамити кои утре ќе ни претставуваат пречка како можност за вето од бугарска страна и тоа е сосема извесно. И тоа извесно станува и за некои наши партнери како што е Германија на пример. На моја средба со државниот секретар на Германија Киркбаум во Берлин, тој ми кажа дека лично ќе се заложи Германија да побара да се изнајде механизам во Европа билатералните прашања, особено од идентитетски карактер да не можат да бидат основа за вето и дека таков механизам Германија ќе инсистира да се изнајде“, вели Димитровски.

Фото: Трилинг / Џевдет Хајредини

„Мислам дека од овој овој Договор, од овој заем од Велика Британија сите сме изненадени. Тој веројатно подолго време е подготвуван, но тоа не е одлука, ниту е заслуга на оваа Влада и на овој премиер. Очигледно се работи за други, поважна интереси за Европа, за Велика Британија, што во секој случај за Македонија тоа е корисно. Некаде читав дека предолго трае овој процес на преговори на Македонија со ЕУ. Како да е блокирана состојбата и не беше лошо кога Велика Британија излезе од Европската Унија независно од тоа што тие се компатибилни и не се спротивставени страни. Разликата е во тоа, кога станува збор за Македонија, е дека ЕУ е блокиран сојуз, затоа што такви се пропозициите – една членка да ги блокира одлуките на сите други. Така што некои цели, како на пример интеграцијата на Западен Балкан (Албанија, Македонија, Србија, Црна Гора) очигледно е интерес на ЕУ да ги почнат, да влезат во Унијата. Но за Македонија се појави еден сериозен проблем каде Бугарија го користи правото на вето и ќе го користи. Сега, бидејќи се заинтересирани, добро е што се појави варијанта да Велика Британија што целите што сака да ги постигне овде а не се против нашите интереси, напротив се во наша полза, не е блокирана. Слободно си носи одлука, и мислам дека тоа е во прашање, изјави во „Трилинг“ поранешниот заменик за финансии Џевдет Хајредини за последните случувања околу потпишувањето на Договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство.

Фото: Трилинг / Џевдет Хајредини

– Мицкоски тука, кога ги спомнува Стрежево Чебрен и Галишта… треба да имаме предвид и еден друг момент. Цела оваа работа се пласира, презентира секојдневно од првите вести, особено од провладините. Станаа досадни, секој ден ги редат овие објекти, а тоа се прави да се замагли од јавноста вниманието од другите обврски на Владата што не ги остварува – барањето на Европската Унија да се санираат последиците од измените на Кривичниот законик. Барање е на ЕУ тоа, а владата не сака да слушне воопшто. Заменик министерот за евроинтеграции рече дека ЕУ бара санирање. Тоа санирање значи затворање на многу луѓе. Тоа се десетици луѓе кои се опфатени во тие измени на тој закон. Сетоа ова се става под тепих.

-Во програмата на ВМРО-ДПМНЕ од 2006-та која и сега е на власт, во тоа време Мицкоски беше директор на електростопанство. „Преродба во 100 чекори“ – сите овие објекти кои сега ги спомнува беа наведени дека до 2015, 2016-та ќе бидат изградени. Гасификацијата на ТЕ Неготино итн. Не само што не изгради ни еден, туку ни камен темелник не се постави, а тој список на електроенергетски објекти логично е дека го правел директорот на електростопанство, сегашниот премиер Мицкоски.

За последните случувања во албанскиот политички блок, враќањето на Таравари во прегратките на Ахмети и дали интегративците преку него формираат нов лидер кој би требало да застане на чело на албанскиот опозиционен фронт, Хајредини вели дека не сака да помисли дека Таравари е заложник за некои други цели. Правата причина за заминувањето на Таравари од Владата за мене и за јавноста е непозната.

-ВЛЕН сега се ,и тоа му одговара на Мицкоски, под огромен притисок од ДУИ ко сакаат да ја претстават нивната улога во владата како да Албанците се потценети, што не е точно.

-Но на ВМРО-ДПМНЕ му одговара и послаб албански фактот. Што послаб тоа подобро. И сега е тоа во практика – ако вие барате многу ќе дојдат други, вели Хајредини.

Фото: Трилинг / Ксенија Николова

-Во битката, трката за пари, среќа, задоволство не само што стануваме егоцентрични туку стануваме уште позагубени, уште помизерни од тоа кога какви сме биле кога сме немале ништо. Тоа е илузијата. Но центарот на суштината не е само трката по пари, туку трката и по тоа некој да не спаси, дека постои таму некој којшто ќе не спаси од нашата беда, тага, од нашите проблеми и дека животот почнува одново со тој некој наш спасител, за на крај да сфатиме дека никој никого не може да спаси, се додека не решиме прво самите себе си да се спасиме, односно ние мораме сами со себе да бидеме искрени, а се друго доаѓа како резултат на тоа, вели Николова.
а Ксенија Николова да си човек кој вистински живее значи да живееш во сите бои. Токму тоа беше и суштината на мојата најнова книга „Секој цвет има свое време“ којашто е 201 цитат за сите нијанси на живото. Да го прифатиш животот со сите негови нијанси, да не бегаш од ниедна нијанса и да сфатиш дека сето тоа е дел од колачот наречен живот и треба буквално да го искусиш целосно за да знаеш дека вистински си живеел.

-Апсурдот е дел од нашето секојдневие. Јас често се начекувам сама себе како сум дел од својот апсурд, како сама себе понекогаш се побивам за многу работи, но истовремено нема поголем апсурд и од самиот живот.

Тенка е границата помеѓу среќата и несреќата, вели Николова, затоа што не може едно без друго.

„Нема среќа којашто во своите своите сегменти не содржи тага и нема тага која во еден момент не се претвора во некаква друга форма на искуство и не учи уште повеќе да ја чувствуваме среќата. Тоа оди заедно. Всушност тоа е и поентата, дека не можеме да очекуваме живот којшто е со една димензија, со едни емоции, со едноличност. Тагата и среќата и сите тие емоции се тесно поврзани.

-Живееме во свет на илузии. Мислиме дека правдата на прв поглед непостои, но постои нешто што е поголемо од правда, а тоа е Бог, карма, тоа е нешто што не стасува сите и ние тоа го забораваме и мислиме дека можеме да живееме на некој начин на долги стази, но се појасни ми станува дека се си доаѓа да си наплати. И начинот на кој размислуваме и она што му го даваме на светот. Не може да му даваме на светот едно нешто, а да очекуваме нешто друго за возврат.

Фото: Трилинг / Ксенија Николова

За тоа како се справувала со секој неуспешен Ин витро обид, Николова вели дека имала тежок период и во дваесеттите години пред се ова да започне и било од сосема други извори и причини.

„Тој тежок период го надминав и среќна сум што ми се случи пред се ова, затоа што веќе изградив некој свој штит за многу работи и некако многу позрело влегов во оваа борба за која тогаш не знаев дека ме очекува.

– Борбата не ме бутна во тој агол, во таа дупка повторно, но секако дека ме здрма на многу начини и ми го разбранува животот неочекувано, но истовремено и ми даде многу нови сознанија за себе. Тоа е всушност поентата на секоја борба и сакам така секоја жена и секој пар тоа така да го гледа – дека имате необична можност да се запознаете себе на еден поинаков начин, да откриете сте колку сте всушност силни а не сте знаеле. секако да си ги истестирате и партнерските релации и вашата хармоничност, поддршка и пријателство, затоа што тоа е еден голем тест и да верувате дека се доаѓа тогаш кога треба и дека вашето време во оваа нова напредна медицина во која живееме верував и навивам да дојде. Така и за себе.

– Мојата реакција секогаш по секој неуспешен Ин витро обид беше – одиме понатаму. Јас никогаш не ја сфатив таа борба како како мојата единствена димензија на мојот живот. Јас навистина имам многу други димензии од мојата личност и секогаш гледав на тоа се што имам и колку сум благодарна за сето она што сум и секако животот не застанува. Да, беше многу тешко, се чинеше дека само на нас ни се случува, но истовремено зборувајќи јавно сум се поврзала со толку многу жени коишто го поминуваат, така што ние веќе сме заедница во тој поглед. Не можам да се чувствувам никако поинаку освен да верувам дека да се продолжи понатаму и дека нашето време ќе дојде, вели Николова.

Целото издание на магазинот „Трилинг“ со Горазд Чомовски погледнете го во видеото.