Блерим Беџети, координатор на пратеничката група на коалицијата „Европски фронт“ смета дека не вреди да се одговара на прашањето „Дали Али Ахмети создава своја финансиска империја и верна олигархиска структура? Тој во најновото издание на Трилинг вели дека „имаме регрес во многу сегменти, особено во надворешната политика“.
„Ние треба да бидеме што поскоро дел од Европската унија. Универзитетите што не ги исполнуваат критериумите апсолутно не треба да бидат универзитети“ вели проф. д-р Дејан Мираковски, ректор на Универзитетот „Гоце Делчев“.
За тоа како изгледа еколошката мапа, Мираковски вели „Верувам дека и оваа зима ќе биде иста како и претходните, споро ги менуваме навиките кои не доведоа до овие екстремни нивоа на аерозагадување“.
Бобан Милошески, сопственикот на Авалон продукција – вели „Не сакам Македонија да остане како држава, дека ние не сме до тој способни да направиме нешто за 40/50.000 луѓе. Околу 3-4 милиони долари чини концерт како оној на Ед Ширан во Белград“.
Ова е најновото издание на Трилинг: