(Видео) Трилинг: Општеството во клинч меѓу правната несигурност и економската (без)надежност

За комплексите од новите движења воопшто, во магазинот „Трилинг“ вечерва со универзитетскиот професор Љубомир Кекеновски, претседателот на Советот за странски инвестиции Виктор Мизо и Благоја Пандовски претседател на „Транспаренси интернешнл“.

„Тоа што се вика историско време се убрзува. Нешто што ние сме го чекале, тлеело долго време, за што се разговарало, што имало конфликт и се барало разрешување, имало опција како да се реши и ние тоа што мислевме дека Светскиот економски форум разговара за големиот економски ресет, никој не сфати дека големиот економски ресет подразбира воен конфликт и дека војната е ‘продолжување на политиката со други средства’“, изјави во „Трилинг“ универзитетскиот професор Љубомир Кекеновски, околу бурата од светски реакции по изборот на Трамп за претседател на САД, неизвесноста дали вооружените конфликти ќе бидат сменети со трговска војна и каде е Македонија во новото прегрупирање околу американскиот хегемонизам.

„Таман мислевме дека замина приказната од онаа класика дека сите војни се за економска и територијална поделба на светот, оваа најнова војна најдобро ни покажува дека се е старо како во 19. век и како милениуми претходно. Затоа би рекол дека новата американска гарнитура го живее и ќе го живее времето на она што го викаат „олако обечана брзина“, затоа што интересите конфликтите се толку стари, толку длабоки да не еден телефонски повик, туку многу разговори, многу конфликти, многу ссобразувања, уважувања на интересите ќе траат како еден процес на константен судир каде што мировните периоди би биле само пауза“, вели Кекеновски и додава дека најфундаменталниот ресет на светските општествени односи, што подразбираат и економија и политика е безбедносниот ресет – ова што сега нас ни се случува“, вели Кекеновски.

„Историјата е превртена политика назад. Историјата била некоја политика на некого пред деценија, пред 100, пред 200 години. Заложници сме на културни предрасуди. Оној момент кога на 5-ти март 1946 година во Фултон, Черчил на едно предавање рече дека „гледам се спушта една железна завеса меѓу Шчечењ и Трст“, тоа покажува дека заложници сме на културата, на идеологијата. Таа завеса не беше културна. Се подели Германија на Источна и Западна. Таа беше идеолошка и повеќе би рекол дека ние сме заложници на таков тип на културни предрасуди – дека не може Ерменија, Грузија да ги сметаме како дел од Европа, зошто Украина, не била, зошто Русија, каде ние поставуваме граници, кај завршува Балканот, на Сава, во Виена и тие предрасуди јас би рекол дека нас повеќе ни сметаат. И тука правиш политички елити кои се навивачки. Одат на една страна, викаат ние сме со овие и треба да правиме вака“, вели Кекеновски.

За тоа дели Македонија во овие три децении има созреано како држава, Кекеновски вели дека „како држава ние сме една посебна приказна – Прирачник за самоуништување“.

„Потребно е да бидеме како држава по проактивни виз – а – ви конкуренцијата. Едно е да се привлече инвестиција, друго е да се задржи истата или брзо да се адресираат некои од проблемите со кои ние се соочуваме“, смета Мизо и додава дека постоечките компании членки на Советот за странски инвеститори, минатата година реинвестирале околу 270 милиони во локалната економија.

Околу деловната клима за привлекување на инвестиции и дали последните информации за затворање на погони, рационализација на кадровските потенцијали се индикатор кој треба да не загрижи, Мизо вели дека рационализацијата кај компаниите кои се соочуваат со намалување на нарачките е нешто што е реалност во бизнис светот.

„Мора да го стегнете ременот и да ги намалите трошоците. Но истовремено сметаме дека целот процес на комуникација со постоечките компании е важна за добивање на информација што се случува во компаниите и како нивните потреби да се адресираат за потенцијално тие или да реинвестираат или оптимизациите во Европа да се случат на наше тло, а не можеби во Полска, во Унгарија, Португалија или на други места, смета Мизо.

Говорејќи за тоа како промените во САД ќе се одразат на релација САД-Европа од економска гледна точка, непредвидливоста на политиките на Трамп во однос на Европа, зголемувањето на царинските давачки, Мизо вели дека има повеќе работи – едно е САД спрема Европа, друго е Европа спрема Кина, истовремено и САД спрема Кина.

„Автомобилската индустрија секогаш треба да планира каде точно да го лоцира своето производство споредбено со локалните пазари, или понекогаш од една локација да произведува глобалниот пазар. Ако се реализира она што Трамп го кажува да се воспостават царински стапки на европски возила, европско произведени возила, пред сѐ луксузни возила кои се увезени во САД, од Германија над 850.000 возила и ако на тие има 10% царина тогаш тоа директно може да влијае колку од тие автомобили ќе бидат продадени во иднина. Тоа може да влијае и на обемот на работа кои и ние како производители на компоненти во Европа го имаме. Така што таа несигурност диртектно влијае и врз нашата локација на капитал на глобално ниво. Истовремено треба да знаеме дека европската економија расте со многу мала стапка на раст. Германија беше две години во рецесија, сега има некој анемичен раст од помалку од 1% и сето тоа влијае на сентиментот на потрошувачката.

„Ние многу зависиме од побарувачката. Побарувачката е онаа врз основа на која ние треба да ги адаптираме нашите активности, бројот на вработени, вредноста на инвестииците, работата на нови проекти.

-Потребна е диверзификација на видот на странски инвеститори кои се привлекуваат во Македонија. Можеби имаме преголема концентрација кон автомобилската индустрија која е многу циклична и која зависи од работи во кои ние немаме никаква контрола, но и дополнително да се размислува не само за производствени сектори, туку за сервисни услужни сектори, каде што интелектуалниот капитал, знаење, способност може да извезува памет, а не само физички производ.

„Во едно демократско општество каде што постои поделба на власта најзадолжен за сузбивањето на корупцијата е судството, односно правосудните органи. Само тие можат да носат пресуди коишто имаат последици по оние што го направиле кривичното дело, било каква да е и само тие преку едно поостро казнување на делата од областа на корупцијата можат да предизвикаат промени во општеството односно да ги исполнат целите на генералната превенција, изјави за „Трилинг“ Благоја Пандовски претседател на „Транспаренси интернешнл“.

Говорејќи за извршната и законодавната власт, Пандовски вели дека тие можат да придонесат во делот со справувањето со корупцијата.

„Извршната власт може да направи подобри механизми за внатрешна контрола, да ја сузбива корупцијата во своите редови, но на крајот и да има индиции сето тоа повторно завршува во судството.

Обвинителството од друга страна, додава Пандовски е она кое треба да иницира.

„Тоа треба да поднесува акти или предлози до судот на основа на претходно добиените индиции. Мене ми е многу жал што едни институции коишто добро си ја работат својата работа како Државниот завод за ревизија и ДКСК коишто даваат извештаи, многу малку од овие случаи, скоро ич, се процесуираат понатаму во судот. Значи високата корупција е една голема болка на нашето општество, односно неказнивоста на високата корупција“, вели Пандовски.

За тоа колку измените на Кривичниот законик со кои дел од предметите застареа, а некои беа преквалификувани и колку тоа допринесе за лошата оценка, Пандовски вели дека во минатиот индекс кој е објавен во 2024 годин, а се однесува на претходните години, кај Македонија беше издвоен случајот со упадот на Собранието во правосудниот систем.

-Зошто упадот? Па тие им го одземаа основот на гонење на самите судии. Кога едно дело буквално ќе го масакрирате како што се случи – се намали казненоста, дел од оние членови квалификувани ги снема од тој Закон, понатаму не можете да очекувате ефективна борба против високиот криминал, особено што се намали рокот за гонење на овие дела и голем број на дела, некаде околу 200 кривични дела останаа без пресуди, значи се случи застареност.

-И сега кога во едно општество кое има сериозни проблеми со корупцијата ќе донесете таков закон со консензус на тогашните пратеници од тоа Собрание (заеднички си го изгласаа тој Закон), а самите тие се високи функционери коишто понатаму можат да подлежат на гонење, тогаш тоа ви кажува дека всушност се злоуотребуваат институциите на системот – во тој случај Парламентот, со цел да избегне кривичната одговорност, вели Пандовски.

Целото издание на магазинот „Трилинг“ со Горазд Чомовски погледнете го во видеото.