(Видео) Трилинг: Нема судство, се е политика – правдата ја нема, не живее во државата, Скопје 2014-та станува Македонија 2023-та

„Нема пресуда за Мијалков, најмасовното прислушување останува во архивите. Големото уво беше мотив за Црвенковски контра Георгиевски, или Заев контра Груевски – во еден период лутите противници стануваат сојузници.

И пребеганиот премиер Груевски како да навестува враќање во државава. Во наместено интервју преку српски ментори кажува зошто Бугарија се смртни непријатели за него.

Неказнивоста станува синоним за богатите, нема судство, се е политика, само политички интереси. Правдата ја нема, не живее во државата.

Скопје 2014-та станува Македонија 2023-та“.

Ова меѓудругото е најава за вечерашното издание на Трилинг кое започнува во 20.45 на ТВ24.