(ВИДЕО) Трилинг: Ќе ја спасиме ли Македонија од исчезнување правејќи деца?

➡ Во новото издание на магазинот „Трилинг“ гостуваат Сара Миленковска магистер по родова еднаквост, Горан Антевски директор на Раде Кончар-ТЕП, Горан Марковски независен кандидат за градоначалник на Скопје, Влатко Стојановски, новинар. Во рубриката „Знаење што менува“ во соработка со Семос едукација за гејминг индустрија.

Во новото издание на магазинот „Трилинг“ гостуваат Сара Миленковска магистер по родова еднаквост, Горан Антевски директор на Раде Кончар-ТЕП, Горан Марковски независен кандидат за градоначалник на Скопје, Влатко Стојановски, новинар. Во рубриката „Знаење што менува“ во соработка со Семос едукација за гејминг индустрија.

Сара Миленковска

-Апсурдно е да очекуваме дека сакаме повеќе деца во повеќе сиромаштија и самата изјава на Мицкоски која што одново и одново ја повторува без навистина да се потпре на креирање на политики коишто би овозможиле некаква подобра реалност за сите нас, укажува дека создава уште поголемо отуѓување и поделба, смета Сара Миленковска магистер по родова еднаквост.

Горан Антевски

-Македонија секогаш е на штрек. Бизнисот во Македонија секогаш е на штрек затоа што не знаете утре што ќе се случи. Трошоците што ги прави јавната администрација се големи и го оптеретуваат буџетот, а и нашите плаќања кон државата, вели Горан Антевски директор на Раде Кончар-ТЕП.

Влатко Стојановски

-ДУИ нема да може да демонстрира триумфализам доколку не ги освои градоначалничките места во водечките општини, пред сѐ оние со најголема симболика, смета новинарот Влатко Стојановски.

Горан Марковски

-Урбаниот хаос се пресликува и во хаос на животот. За Скопје да заличи на европски град потребни ни се години и години, но за да почне да заличува, граѓаните да почувствуваат дека е сменет правецот, насоката на движење, за тоа потребна е една година, вели Горан Марковски независен кандидат за градоначалник на Скопје.

Гледајте не на ТВ24 во 20.45ч , на youtube каналот Трилинг, како и на порталот triling.mk.