
(ВИДЕО) Трилинг најава: Што не очекува економски препород или колапс?
Во новото издание на „Трилинг“ гостуваат Боико Василев бугарски новинар и автор на емисијата „Панорама“, долгогодишниот новинар и колумнист Мирче Јовановски и Љубомир Ѓурчевски поранешен помошник директор во МВР. Во рубриката „Знаење што менува“ анализа на Јована Атески директорка за маркетинг во Семос Едукација.
Во новото издание на „Трилинг“ гостуваат Боико Василев бугарски новинар и автор на емисијата „Панорама“, долгогодишниот новинар и колумнист Мирче Јовановски и Љубомир Ѓурчевски поранешен помошник директор во МВР.
Во рубриката „Знаење што менува“ анализа на Јована Атески директорка за маркетинг во Семос Едукација.

„Ова е веќе директно задолжување на Владата од една од деловните банки во државата. Тоа зборува дека состојбите во државната каса и не се баш така розови како што сака Владата да ги прикаже.
-Состојбите во земјава, особено во економијата не се баш розови, напротив се прилично сложени и тешки“, вели новинарот Јовановски.

„Прво – нема да има дополнителни услови надвор од оние што се веќе договорени во компромисот. Тоа е прво. И второ – Бугарија цврсто стои зад францускиот предлог и зад она што досега е договорено.
-Ниту бугарската јавност ниту бугарската политика се заинтересирани за Северна Македонија. Тие го сметаат тоа прашање за решено и затворено и чекаат да видат што ќе одлучи Скопје. Сценариото – Уставни измени со одложено дејство не е е реално“, вели Василев бугарски новинар и автор на емисијата „Панорама“.
.
„Некој да вози со 230 км/h јас не би го казнувал туку би го пратил на задолжително лекување затоа што тоа се убијци“, вели поранешниот помошник директор во МВР, Љубомир Ѓурчевски.
Гледајте не на ТВ24 во 20.45ч , на youtube каналот Трилинг, како и на порталот triling.mk.