
(ВИДЕО) Трилинг најава: Центри на моќ како Х фактор пред избори?
Во новото издание на магазинот „Трилинг“ гостуваат министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, Владимир Пивоваров и Марјан Николовски од Факултетот за безбедност, политикологот Владимир Божиновски, Стефан Кофиловски - првенец на генерацијата 2023-2024 и најдобар студент на правниот факултет „Јустинијан Први“ и во рубриката „Знаење што менува“ говори Елена Петковска, менаџер на детскиот едукативен центар во Семос едукација.
Во новото издание на магазинот „Трилинг“ гостуваат министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, Владимир Пивоваров и Марјан Николовски од Факултетот за безбедност, политикологот Владимир Божиновски, Стефан Кофиловски – првенец на генерацијата 2023-2024 и најдобар студент на правниот факултет „Јустинијан Први“ и во рубриката „Знаење што менува“ говори Елена Петковска, менаџер на детскиот едукативен центар во Семос едукација.

„Станува збор за еден сериозен напад на стабилноста на државата и обид за создавање на паника и страв кај населението.
-Ова е опасноста на новото време. Ако тоа порано било кражба на документи, губење на документи, палење на документи, се сеќавате колку пати архиви изгореа на определени институции, сега опасноста се сајбер нападите“, вели Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација.

„Званичните изјави што ги слушаме дека имаме хибридна војна, хибридни напади се апсолутно неодмерени“, вели проф. Владимир Пивоваров од Факултетот за безбедност.

„Корумпиран припадник на безбедносна служба, кој секојдневно има допирни точки со класифицирани информации, во многу нешта може да наштети по темелите на безбедносниот систем, вели професорот на Факултетот за безбедност Марјан Николовски.

„Најинтересно на овие избори нема да биде битката за Скопје, туку ќе биде битката за Чаир и битиката за Тетотво и битката за Гостивар“, смета политикологот Владимир Божиновски додека министерот за дигитална трансформација е убеден дека неговата партија ќе ги предводи најголемиот дел од општините во град Скопје, ако не и скоро сите“.

За предизвиците и потребата од студирање на правниот факултет во „Трилинг“ разговараме со Стефан Кофиловски – првенец на генерацијата 2023-2024 и најдобар студент на Правниот факултет.

Во рубриката „Знаење што менува“ говори Елена Петковска, менаџер на детскиот едукативен центар во Семос едукација.
Гледајте не на ТВ24 во 20.45ч , на youtube каналот Трилинг, како и на порталот triling.mk.