(ВИДЕО) Трилинг најава: Системски пропусти, европска и финансиска неизвесност

➡Брисел констатира системски слабост. Кои се причините за застојот? Зошто Македонија остана на дното во Западен Балкан? Чувствува ли одговорност министерот за европски прашања Муртезани за стагнацијата? Како е можно Македонија да е понапред од Албанија во ситуација кога оваа земја го отвори последниот кластер со ЕУ, а ние уште немаме ниту едно поглавје отворено? Постигнат ли е договор меѓу коалиционите партнери за реконструкција на Владата? Интервју со Орхан Муртезани министер за европски прашања. ➡Во каква финансиска кондиција е Пензискиот фонд? Дали и за колку ќе се зголемат пензиите и постои ли опасност од идната година да нема редовна исплата на пензиите? На овие и други прашања, интервју со директорот на ПИОМ, Никола Мемов. ➡Со оперскиот уметник Игор Дурловски разговараме за 25 години творештво со неговата сопруга и оперска дива Ана Дурловски, но одговара и на прашања поврзани со упадот во Собранието. ➡Во рубриката „Знаење што менува“, Дејан Вакански Со 24 години професионално искуство и повеќе од 14 години како Microsoft Certified Trainer во Семос Едукација, тој е човекот кој стои зад развојот на клучни системи што ја модернизирале работата на институциите и компаниите во Македонија.

Брисел констатира системски слабост. Кои се причините за застојот? Зошто Македонија остана на дното во Западен Балкан? Чувствува ли одговорност министерот за европски прашања Муртезани за стагнацијата? Како е можно Македонија да е понапред од Албанија во ситуација кога оваа земја го отвори последниот кластер со ЕУ, а ние уште немаме ниту едно поглавје отворено?

Постигнат ли е договор меѓу коалиционите партнери за реконструкција на Владата? Интервју со Орхан Муртезани министер за европски прашања.

Фото: Трилинг / Орхан Муртезани

„Мислам дека не не блокира никој во спроведувањето на реформите. Не сакаме, дури и вештачки заради политички цели, да создаваме и внатрешни проблеми со меѓуетнички реперкусии.

-Да помине конгресот и новогодишните празници и после да може да се планира малку поширока реконструкција, вели Муртезани.

Фото: Трилинг / Никола Мемов

Во каква финансиска кондиција е Пензискиот фонд? Дали и за колку ќе се зголемат пензиите и постои ли опасност од идната година да нема редовна исплата на пензиите? На овие и други прашања, интервју со директорот на ПИОМ, Никола Мемов.

„Стабилизацијата на пензискиот систем значи стабилизација и на здравствен систем, значи стабилизација и на економски систем. Не можете вие да зголемите придонеси за пензиско осигурување без соработка со бизнис заедницата и со стопанските комори.

-Предвиден е буџет во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување од 152 или 153 милијарди денари. Тоа е скоро половина од вкупните приходи што ги има државата во буџетот за 2026 година“, вели Мемов.

Фото: Трилинг / Игор Дурловски

Со оперскиот уметник Игор Дурловски разговараме за 25 години творештво со неговата сопруга и оперска дива Ана Дурловски, но одговара и на прашања поврзани со упадот во Собранието.

„Многу често ние знаеме да го кривиме системот за работите што ни се случуваат. Не велам дека системот не е трул, но многу често и не знаеме да погледаме во нашите постапки. Знаеме да кажеме како ние се претставуваме во странство, но сепак за мене лично едни од најзначајните мои настапи биле во Македонија“, вели Дурловски.

Фото: Трилинг / Дејан Вакански

Во рубриката „Знаење што менува“, Дејан Вакански Со 24 години професионално искуство и повеќе од 14 години како Microsoft Certified Trainer во Семос Едукација, тој е човекот кој стои зад развојот на клучни системи што ја модернизирале работата на институциите и компаниите во Македонија.

Гледајте не на ТВ24 во 20.45ч , на youtube каналот Трилинг, како и на порталот triling.mk.