(Видео) Трилинг најава: Мирен трансфер на власта или институционална криза
Подготвена ли е Коалиција за Европска иднина да делува опозициски?
Дали обвинувањата од Ахмети, Тачи и Села за изборни нерегуларности се работи за ист изборен инжинеринг за кој против Мијалков, Тачи и Ибрахими се водеше судски процес?
Како Села гледа на најавите од претседателката Силјановска Давкова дека би ги помилувала осудените за собранискиот упад од 27 април?
Можно ли е дел од пратениците од Европскиот фронт да се приклучат кон идната владејачка коалиција?
Ова се само дел од прашањата и дилемите на кои одговара во вечерашното гостување на Трилинг – Зијадин Села од Коалиција „Европска иднина“
„Претседателката почна со дипломатски инцидент, тоа не е добро за државата, не требаше така да се случи. Според мое лично убедување, ништо не е спорно да се случуваат уставните измени, па потоа да се формира Владата“ – вели Села.
Ќе рече „Дали сме ние подготвени за во опозиција или не, по правило на демократските правила тоа не го кажуваат политичките чинители“.
„До каде сме со ЕУ, блиску или далеку, никогаш не сме биле поблиску и подалеку од ЕУ. 600 милиони евра кои што се програмирани, а нема веќе пари од каде да се направат. На ниво на цел буџетски дефицит којшто се изеде во овие 4 месеци. Сите се колнеме во меритократија и пат кон Европска унија. Ова не е Европска унија, ова е калабалак. Ова е растурена куќа“ вели за Трилинг – универзитетскиот професор Марјан Бојаџиев.
„Македонските ИКТ компании доста работат на таа тема да ги задржат работниците, секако има предизвици“ вели деканот на ФИНКИ – Боро Јакимовски во вечерашното издание на Трилинг.
Ова е најавата: