(Видео) Трилинг најава: Мора да излеземе од овој лонец во кој државата врие веќе 30-тина години
„Живееме во век на преселби, миграции, и јас самата сум мигрантка, доброволно заминав од Македонија, причината беше љубов. Но секоја преселба е на некој начин еден крст кој треба да се носи“ вели во денешното издание на Трилинг писателката Лидија Димковска – добитничка на награда за „Роман на годината 2023“ за делото „Единствен магичен број”.
„Во почетокот на 90-тите години јас имав чувство дека не опфати некоја еуфорија, дека конечно сме независни, самостојни и дека нешто многу повеќе ќе направиме за Македонија за разлика од тоа што можеше да се направи во рамките на Југославија, меѓутоа како што децениите течеа и како што годините течат, ми се чини дека Македонија е се поназад од таа идеја да се приклучи на европското семејство народи“- вели Димковска
„Владата кога ќе биде формирана мора да биде проевропска, не смее да биде декларативно проевропска, туку мора задачите кои се за брзо пристапување кон Европската унија да ги заврши веднаш“ вели Андреј Петров – член на Извршниот одбор на СДСМ во денешното издание на Трилинг.
За негов фаворит кога се во прашање претседателските избори ќе каже „Јас очекувам убедлива победа на Стево Пендаровски“.
По констатацијата дека меѓу симпатизерите на СДСМ преовладува мислењето дека со македонската Влада „раководи Мала Речица“, ќе каже:
„Не мислам дека раководи Мала Речица, мислам дека со Владата раководеше СДСМ. Негативните поени му се книжат на оној кој е основниот столб на Владата, а тоа е СДСМ“.
„Мора да излеземе од овој лонец во кој државата врие веќе 30-тина години“ смета Петров.
Во ова издание на Трилинг ја пренесуваме и животната приказна на Иван Усовски и на неговиот син Никола.
Ова е најавата: