
(ВИДЕО) Трилинг најава: Културата на врвот од светот, економијата во должничко ропство
➡Годината ја стартуваме со една милијарда евра задолжување, а за пет години ќе треба да вратиме речиси девет милијарди евра - интервју со поранешниот министер за финансии Кирил Миновски. ➡Има ли елементи за злоупотреби на државни пари и корупција во случаите кои ги обелодени СДСМ. ➡Дали Антикорупциска ќе ги отвори постапки за луѓе во високите ешалони на власта? Гостин претседателот на ДКСК Адем Чучуљ. ➡Дали одлуката на Филипче да не присуствува на лидерската е исправна или непромислен чекор. ➡Дали најавата за тет-а-тет средба Мицкоски-Ахмети значи дека ВМРО-ДПМНЕ смета дека ДУИ се реформирала, анализираме со Марко Трошановски од Институтот за демократија. ➡За филмот „Приказната за Силјан“, во Трилинг со режисерката Тамара Котевска и продуцентот Јорданчо Петковски.
➡Годината ја стартуваме со една милијарда евра задолжување, а за пет години ќе треба да вратиме речиси девет милијарди евра – интервју со поранешниот министер за финансии Кирил Миновски.
➡Има ли елементи за злоупотреби на државни пари и корупција во случаите кои ги обелодени СДСМ.
➡Дали Антикорупциска ќе ги отвори постапки за луѓе во високите ешалони на власта? Гостин претседателот на ДКСК Адем Чучуљ.
➡Дали одлуката на Филипче да не присуствува на лидерската е исправна или непромислен чекор.
➡Дали најавата за тет-а-тет средба Мицкоски-Ахмети значи дека ВМРО-ДПМНЕ смета дека ДУИ се реформирала, анализираме со Марко Трошановски од Институтот за демократија.
➡За филмот „Приказната за Силјан“, во Трилинг со режисерката Тамара Котевска и продуцентот Јорданчо Петковски.

„Неопходно е да се смени структурата на економијата за се обезбеди не само статистички раст, туку и развој којшто ќе обезбеди генерално подобрување на животниот стандард на населението. Растот на БДП се должи на зголемена јавна потрошувачка. Во голем дел таа јавна потрошувачка е резултат и на зголемениот долг. Време е можеби да се преиспита самата одржливост на овој тростолбен пензиски систем“, смета поранешниот министер за финансии Кирил Миновски.

„Предмет на проверка ќе бидат 10 судии, 10 јавни обвинители, градоначалниците, дел на оние што се реизбрани, 10 што им завршил мандатот, 10 пратеници и 10 министри од актуелниот состав на Владата, вели претседателот на ДКСК Адем Чучуљ.

„СДСМ е се само не нов актер и не сум сигурен колку нивната стратегија ќе вроди со плод. ДУИ е фактор, била и ќе биде“, смета Марко Трошановски од Институтот за демократија.

„Се што се случи со овој филм е навистина едно чудо и една огромна потврда за нашиот труд, талент и капацитет како една мала екипа“, вели режисерката на „Приказната за Силјан“ Тамара Котевска.

„’Приказната за Силјан’ е оживување на едно дело кое пред сѐ е прекрасно, кое ни кажува многу работи за тоа од каде потекнуваме, кои сме, што сме“, потенцира продуцентот Јорданчо Петковски.
Гледајте не на ТВ24 во 20.45ч , на youtube каналот Трилинг, како и на порталот triling.mk.