(Видео) Трилинг најава: Крпен живот – астрономски цени, милионски профити

Државата повторно треба да седне на маса, не со било кого, туку со самата себе и со политиките кои ги води и да види каде ние ја промашивме лекцијата и зошто Македонија не произведува доволно храна. Треба да се прашаме зошто створивме општество на кое му е полесно да тргува отколку да произведува.

– Штом се случува ваква ситуација, тогаш треба да се запрашате што не чини во пазарот на снабдување. Јас мислам дека државата повторно треба да седне на маса, не со било кого, туку со самата себе и со политиките кои ги води и да види каде ние ја промашивме лекцијата и зошто Македонија не произведува доволно храна. Треба да се прашаме зошто створивме општество на кое му е полесно да тргува отколку да произведува, вели Антони Пешев, извршен директор на Стопанската комора.

-Мицкоски и ДПМНЕ не направија ништо за да ги спречат вртоглавите растови на цените. Насекаде во регионот и во Европа, цените на основните продукти паѓаат, а само кај нас значително, драстично се зголемуваат.

-Велат Артан Груби е близок со СДСМ. Истиот тој Артан Груби беше пропуштен да помине преку граница од кадри коишто се тесно поврзани со челници на ВМРО-ДПМНЕ. Ние одговорноста за нашите постапки ја носиме и затоа бевме казнети на избори“, вели Кристина Костова, потпретседателка на СДСМ.

-Може да има, еве јас се прашувам дали има и договорања на цените на целокупниот пазар, за сите производи, изјави Миле Бошков, претседател на Бизнис конфедерацијата на Македонија.

Соговорници во новото издание на магазинот „Трилинг“ се Антони Пешев, извршен директор на Стопанската комора, Кристина Костова, потпретседателка на СДСМ и Миле Бошков, претседател на Бизнис конфедерацијата на Македонија.

Гледајте го новото издание на магазинот „Трилинг“ со Горазд Чомовски вечерва во 20.45ч на ТВ24, на youtube каналот Трилинг, како и на порталот triling.mk