(Видео) Трилинг најава: До кога РЕК Битола ќе биде непресушен извор за криминал!?
Отец Бобан Митевски и професорот Атанаско Туневски гостуваат во новото издание на магазинот „Трилинг“.
Христијанската црква е испреплетена со културатата и со традицијата, со историјата на македонската држава. Колку црковните празници се тест за почитување на верата, на традицијата?
Колку моралната декаденција во општеството се одразува во верувањето на верниците во црквата?
Дали со црквата управува конзервативното крило во Синодот? Зарем жената нема право на избор? Дали се промовира дека домот, децата и бракот се единствените вредности за модерната жена?
Во нецрковните кругови има гласини или проценки дека МПЦ е под влијание на српскската и руската цркава. Каков е односот на МПЦ кон барањето на украинската црква за афтокефалност?
Можете да го слушате како наставник по Етика на Богословскиот факултет, докторант, еден период и шеф на кабинет на поглаварот на МПЦ Г.Г.Стефан. Отец Бобан Митевски гостин во магазинот „Трилинг“.
Чебрен воскреснува. Овој стратешки хидоренергетски проект на реката Црна повоторно се разгледува во обид да се гради.
На истекот од оваа година се очекува експретска група од Македонија да има трета средба за шансите овој капитален објект да се гради.
Првите јавни реакции беа – Ковачевски ќе го продаваше на Грците, Мицковски ќе го гради како македонски проект.
Како и под кои нови услови?
РЕК Битола е се повеќе е тажна приказна пред можното затворање по 2о35 година. Едноставно е извор на криминал: Било кога увезува јаглен, било кога свесно не се одржува за да се увезува повеќе струја што носи огромен профит.
Во магазинот „Трилинг“ гостин е проф. Атанаско Туневски, екс директор на МЕПСО и еден од најгласните критичари зошто Чебрен им беше препуштен на Грците.
Отец Бобан Митевски и професорот Атанаско Туневски гостуваат во новото издание на „Трилинг“, вечерва во 20.45ч на ТВ24, на youtube кaналот „Трилинг“, како и на порталот www.triling.mk