(Видео) Трилинг најава: Како се справува Македонија со вкоренетите и надоаѓачки предизвици?

Дали е доволно објаснувањето дека бугарските пасоши најчесто се вадат за патување и бизнис интереси? Кога довчерашна бизнисменка, денес е министерка, ќе биде објавено дека се декларирала дека има бугарска самосвест, дали премиерот треба да ја разреши? Дали и колку судскиот судскиот Совет и Советот на обвинители се главни генератори на ниската доверба во македонскиот правосуден систем? Во каква состојба ја наоѓаат земјава кога младите уметници, режисери се враќаат од западните земји?

Поранешниот премиер Љубчо Георгиевски, Дарко Аврамовски од Коалицијата за правично судење и режисерката Ана Јакимска се соговорници во новото издание на „Трилинг“.

„Паролата „Држете го крадецот“, нели Бугарија, прави србизација на македонскиот простор. Во македонската историја, Лазар Колишевски останал како мит за македонски политичар – србоман. Јас мислам дека оваа гарнитура ќе го надмине тоа“, вели за магазинот „Трилинг“, екс-премиерот Љубчо Георгиевски.

„Мислам дека главниот бран на вадењето на бугарски пасоши е завршен. Не знам зошто премиерот би требало да ја разреши министерката Божиновска, но проблемот е во лицемерието на таа владина политика. На пример пејачот Гарванлиев. На човекот му беше полесно да каже дека е геј, отколку дека има бугарски пасош, додава Георгиевски.

„Постојано кога има некои големи, крупни скандали, тие се поврзани на еден или на друг начин со судскиот Совет или со Советот на јавни обвинители, вели Дарко Аврамовски од Коалицијата за правично судење.

„Првото нешто коешто го забележав кога се вратив тука во Македонија беше дека генерално во градов, во Скопје има многу агресија и нервоза“, изјави режисерката Ана Јакимска .

Следете го новото издание на „Трилинг“ вечерва во 20:45