(Видео) „Трилинг“ најава: Дали СДСМ ќе ја формира идната влада, колку ВМРО-ДПМНЕ е обединета пред избори?
Во новото издание на „Трилинг“ гостува министерката за одбрана, Славјанка Петровска.
За набавката на хеликоптерите, вели, во МО не е пристигнато барање од ДКСК со кои бараат материјали по таа претставка.
На прашaњето дали знае кој ќе биде следниот на „црната листа“, Петровска одговара негативно, но и не би открила и да знае.
Ја разјаснува и дилемата колку пратеници ќе освои СДСМ на претстојните избори и дали ќе може да формира Влада.
Адвокатот и поранешен член на „реформаторите“ во ВМРО-ДПМНЕ, Александар Михајлоски одговара на прашањето како го квалификувал правно упадот во Собранието.
– Поминати се 7 години од тој настан. Време е или да се донесе Закон за амнестија или да се помилуваат лицата, вели тој.
За ВМРО-ДПМНЕ вели имаат квалитетна програма и луѓе, а ќе настапат обединети како никогаш досега и очекува убедлива победа.
Се отвара и темата дали професијата фотограф е во изумирање со третиот гостин во емисијата – Томислав Георгиев, добитник на наградата „Никола Младенов“.
Погледнете ја најавата: