(Видео) Трилинг најава: Гаранции за уставните промени со одложена примена – (не)возможна мисија
Уставни промени, економски развој на Западен Балкан, со овие пораки допатува и си замина високата европска функционерка, Урсула фон дер Лајен. Проблемите остануваат да се решаваат.
Според Изет Меџити, политичкото прашање се уставните промени, односно да се вметне бугарската зедница во Уставот.
Но, како што вели, има доста делови коишто треба да се сработат во сите поглавја, во сите области.
„Мислам дека веќе и Албанците сакаат, освен правична застапеност, да се запази и критериумот квалитет“, додава Меџити.
За вицепремиерот и министер за животна средина, пологично и полесно е дека може да функционира коалицијата ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН, отколку ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ.
„ЗНАМ мислам дека од почеток играат на националистичка карта, која некогаш беше спротивна на европските интереси, а тоа е владата на Ахмети и Груевски“, потенцира Меџити.
Говорејќи за состојбите во образованието и можните реформи во тој систем, Проф. д-р Марјан Бојаџиев, вели дека образованието, секоја влада, не го „есапи“ за озбилна приказна, така што никој не се занимава каде треба да биде високото образование денеска.
„Во Македонија не е направена ниту една евалуацијан на ниту еден Универзитет, Факултет, Институт. Во државава можеби има пет-шест професори што се меѓународни евалуатори, но никој не ги кани да направат нешто. Никој не спроведува некаква евалуација, додава Бојаџиев.
За Сибела Мамудоска, првенец на генерација на Универзитет Св. „Климент Охридски“ – Битола, предизвици постојат, особено кога сте припадник на некоја од помалите етнички заедници, особено кога треба да се вработите.
„Се имам соочено со истотото прашање, но сепак работа може да се најде и во помалите градови“, вели Мамудовска.
Следете „Трилинг“, вечерва во 20:45 минути.