(Видео) Трилинг: Македонија и ЕУ – Внатрешните битки зад европската цел

🔴 На патот кон Европската Унија, Македонија се соочува со комплексен мозаик од предизвици – политички, идентитетски, демографски и економски. Додека европратеничката Ирена Јовева ја нагласува позитивната нишка од извештајот на Европскиот Парламент, истовремено укажувајќи на потребата од храброст и интегритет во односот на ЕУ кон македонскиот народ и јазик, поранешниот вицепремиер Ивица Боцевски предупредува дека Пандорината кутија околу идентитетот останува отворена и дека Преговарачката рамка и Договорот за добрососедство се мртви. Во меѓувреме, демографот Кристијан Фидановски повикува на стратешки политики за справување со депопулацијата, додека независниот кандидат Менди Ќура нуди визија за економски и административен пробив од локално ниво. Нивните ставови ја откриваат длабоката поврзаност меѓу домашните прашања и европската перспектива – и дека евроинтеграцијата не е само надворешна политика, туку внатрешна потреба.

На патот кон Европската Унија, Македонија се соочува со комплексен мозаик од предизвици – политички, идентитетски, демографски и економски. Додека европратеничката Ирена Јовева ја нагласува позитивната нишка од извештајот на Европскиот Парламент, истовремено укажувајќи на потребата од храброст и интегритет во односот на ЕУ кон македонскиот народ и јазик, поранешниот вицепремиер Ивица Боцевски предупредува дека Пандорината кутија околу идентитетот останува отворена и дека Преговарачката рамка и Договорот за добрососедство се мртви. Во меѓувреме, демографот Кристијан Фидановски повикува на стратешки политики за справување со депопулацијата, додека независниот кандидат Менди Ќура нуди визија за економски и административен пробив од локално ниво. Нивните ставови ја откриваат длабоката поврзаност меѓу домашните прашања и европската перспектива – и дека евроинтеграцијата не е само надворешна политика, туку внатрешна потреба.

Фото: Ирена Јовева

„Јас сакам да гледам на овој заклучок, на овој извештај од позитивна страна. Не е се како што треба да е, но заклучокот, извештајот како таков во суштина е позитивен. Позитивен е во врска со напредокот на македонската земја кон ЕУ. Вистина е дека внатре има многу работи кои се позитивни за народот, за земјата. Во процесот на европристапувањето на пример Европскиот парламент во извештајот јасно кажува дека треба процесот да се забрза и дека Комисијата треба да помогне на Советот којшто го има следниот збор. Дека нема простор за никакви билатерални спорови, дека се потребни уште некои реформи, но генерално гледано е дека македонската држава е на добар пат – и со реформите и со процесот на пристапување. Можеби фали малку самокритика до Европската Унија во тој извештај, затоа што направи стварно многу политички грешки во минатото, па и во сегашноста. Народот токму заради тоа со право не им верува, или не ни верува. Тоа е таа позитивна страна.

-Инаку од бугарската страна, сакаа да провоцираат со „модерен“ македонски јазик. Тоа немаше да пројде никако. Затоа јас ова сега како што е не гледам како победа на бугарско-грчко лоби, туку на победа на нешто друго. Тоа е дека Европскиот Парламент со тоа кажува дека нема никакво право да кажува или да нарече кој народ постои, дали некој народ или јазик постои. Извештајот на крајот, сега како што е не значи дека парламентот оспорува било што во врска со македонскиот народ, идентитет или јазик, туку го признава и затоа тоа го нема во ивештајот. А Бугарите да „победеа“ ќе беше „модерен“ јазик, вели за магазинот „Трилинг“ европратеничката од Словенија Ирена Јовева.

Околу тоа дали оваа позиција на официјална Софија и особено на европратениците оди и во насока на македонските власти дека уставните промени не се единствената и крајна цел на Бугарија, Јовева со став:

„Искрена да бидам, којзнае што ќе им текне на Бугарите пак, или на некој друг. Бугарите беа први кои на времето ја признаа Македонија, па потоа се смени името и одеднаш има текна да бараат некои други, работи, правила, промени. Но сепак јас искрено мислам дека ова е последното. Последно и од нивна страна и од страна на ЕУ. Мислам дека е најреално, не можеме ништо веќе да промениме околу минатото, може да се фокусираме на сегашноста и на иднината и да се направи уште тоа што треба да се направи. Знам дека не е фер, многу работи не беа фер, но не треба да се дозволи, на бугарското, грчкото лоби да победи и мислам дека треба да има се даде уште тоа (уставни промени), бидејќи тоа на никој не му одзема ништо и после да се почне од нула, но без било какви правила или критериуми. Знам дека тоа е и официјалниот став на Европската Комисија, Европскиот Парламент, па и на Советот. Така што мислам дека нема да се дозволи, а ако треба и јас лично ќе се погрижам за тоа да не се допушти, вели Јовева.

Фото: Трилинг / Ивица Боцевски

Ова е победа на вистината – се покажа дека Договорот од Преспа и Договорот за добрососедство не го заштитиле македонскиот идентитет, туку го оставиле незаштитен и отворен за напади“. Со овие зборови Ивица Боцевски, поранешен вицепремиер за европски прашања, го оценува последниот извештај на Европскиот парламент. Во интервју за магазинот „Трилинг“, Боцевски децидно тврди дека преговарачката рамка со ЕУ е „мртва“, дека Бугарија не се противи на уставни формулации, туку на самото постоење на Македонците како народ, и дека целата епизода претставува пресвртница во европскиот пат на земјата – но не по заслуга на договорите, туку поради разобличување на вистината.

„Ова е победа за нас. Сѐ уште е победа. ГИ извадивме работите на чистина. Победа е внатре во земјата, победа е и надвор од земјата. Победа е внатре во земјата затоа што се развеаја како магла сите оние тези дека наводно со Договорот за добрососедство, со Преспанскиот договор се „бетонирал“, се „цементирал“ македонскиот идентитет и јазик. Се виде дека стануваше збор за една голема лага која требаше да им се продаде на граѓаните на Македонија, а лага којашто ја знаеја оние коишто го склопуваа и Преспанскиот договор и Договорот за добрососедство со Бугарија, односно дека ништо во тие договори не гарантираше ниту македонски идентитет, ниту македонски јазик, туку ги остави да зјаат отворени, изјави во магазинот „Трилинг“ евроамбасадорот и поранешен вицепремиер за европски прашања Ивица Боцевски.

Говорејќи дали тоа значи дека преговарачката рамка со ЕУ, па и Договорот за добрососедство со Бугарија се мртви, Боцевски со дециден одговор: Да!

„Да. Во моментов се мртви – премртви. Повторно ќе кажам зошто е победа за Македонија – победа е зошто ја истеравме работата на чистина. Значи недоумици веќе нема. Бугарија нема проблем со некакви уставни дефиниции на Македонија, со некакви човекови права. Бугарија има само еден проблем – со постоењето на Македонците како засебен идентитет, со постењето на македонската нација, јазик и со начинот на којшто ние си ја толкуваме нашата национална историја, додава Боцевски.

Фото: Кристијан Фидановски

Демографските предизвици кои ја засегаат Македонија стануваат сè поитни, а нивното решавање бара внимателен и стратешки пристап. Докторот на науки по демографија, Кристијан Фидановски, го анализира актуелниот демографски статус на земјата и ја нагласува потребата од пронаталитетска политика како клучен фактор за обезбедување одржлив развој и иднина. Во разговор за „Трилинг“, Фидановски ја објаснува комплексноста на демографските трендови и укажува на неопходноста од конкретни мерки кои ќе помогнат во решавањето на проблемите со намалената раѓања и зголемената старост на населението.

„Македонија е една од државите на која им е најпотребна демографска па и пронаталитетска политика. Ние, како и целиот регион, се соочуваме со тој двоен демографски товар на низок наталитет и високо иселување. Интересно, нашиот природен прираст е всушност благо позитивен до 2019, а сепак и низ тие децении по осамостојувањето ние сме изгубиле населени и населението остарело, што кажува дека иселувањето е секако водечката причина а сега и прирастот по Ковид кризата е останат негативен што го зголемува демографскиот притисок.

-Истовремено Македонија старее пред да стане богата држава и тоа стареење се случува многу брзо за разлика од други западноевропски држави кои прво станале богати, достигнале висок стандард на живот а потоа им се случувале, им се случува овие демографски трендови, така што нам апсолутно ние потребна пронаталитетска стратегија.

-Јас како некој што пет години во рамките на мојот докторат работев на ова прашање мило ми е што во јавноста се зборува за овие теми. Секако жал ми е што тоа се случи на овој начин, да бидеме реални, со една непромислена идеја односно реченица која за среќа и не прерасна во најава за конкретна мерка, вели за „Трилинг“ Кристијан Фидановски доктор на науки по демографија.

Фидановски смета дека дополнителен момент што треба да ги обедини левицата и десницата е што целокупните општества и економии зависат од демографската стабилност.

„Постаро население значи поголем товар врз пензиските, здравствени системи па и економскиот раст. Имајќи го тоа предвид, сите ние (и родителите и неродителите) без разлика на брачниот статус, треба да придонесуваме финансиски кон стимулирање на родителството бидејќи тоа носи позитивни екстерналии за сите нас, а не преку даноци кои би казнувале едни, без притоа ни да знаеме дали воопшто тие средства би се користеле. Затоа е подобро преку директни детски додатоци, а не преку даночниот систем да се изведе една таква интервенција. Такви примери има многу во регионот. Јас полската би ја издвоил бидејќи ми е многу помила од унгарската, српската. Таа беше спомната од една десна партија која сега е во опозиција, но сегашната владејачка партија ја прифати па и унапреди, бидејќи се утврди дека таа политика манифестирана преку детски додатоци придонесе многу и за намалување на детската сиромаштија. Ефектите врз наталитетот се релативно скромни, но имаат деца побрзо од што планирале. Политиката е универзална, затоа е универзално популарна“, вели Костадиновски.

Фото: Трилинг / Гоце Цветановски

„’Светот на Биби’ за многу кратко време израсна во еден од најпрепознатливите македонски брендови. Нема дете во Македонија кое што не гледало барем една епизода. И со родителите кога разговараме кажуваат дека сите песнички ги научиле заедно децата, со нив научиле и да читаат со нив, така што мислам дека имаме една голема задача пред нас, а тоа е она што го имаме поставено како основи во серијата, да го продолжиме во долгометражен анимиран филм, со посериозен и со технички потежок пристап. Целната група на филмот ќе биде за малку повозрасни деца отколку самата серија, односно нашата целна група е целото семејство и тоа е голем предизвик. Мене со ‘Јон Вардар’ против галаксијата ми требаше многу време да го завршам.

-Во Македонија немаме многу развиена анимациска индустрија, посебно за анимација на карактери. Последниве десет тоа мрда многу брзо и многу добро, така што имаме многу успешни и авторски анимирани филмови, но и успешни детски анимирани филмови кои се наменети за целата публика. Пред нас стои еден голем пат којшто се надевам дека успешно ќе го изодиме и за неколку години на македонската па и на светската публика ќе и понудиме да можат да ги видат ‘Биди и Боби’ во нивната најнова авантура“, вели режисерот Гоце Цветановски.

„Наша проценка, додава Цветановски, е да го завршиме филмот за отприлика три години во зависност од тоа дали ќе добиеме поддршка од институциите. Веќе имаме обезбедено неколку странски партнери, односно сме во крајна фаза на преговори. Јас го презентирав проектот во Берлин на европскиот пазар на филмови и во Лас Вегас лани во ноември на американскиот пазар и пријатно без изненаден колку имаше голем интерес, додава Цветановски.

Говорејќи за податокот дека најпопуларниот детски бренд „Светот на Биби“ е со повеќе од 125 милиони прегледи на јутјуб и ТВ прикажувања во Македонија и регионот и дали ова е потврда дека е постигната целта за создавање оригинална едукативна и забавна програма Цветановски категоричен – „Дефинитивно да“.

За оценката домашната филмска продукција, вклучувајќи ја и детската, Цветановски смета дека филмската во моментов е во малку тешка ситуација на институционално ниво.

„Креативно можеби е најуспешен од било кога. Последниве 10 години видовме нови автори, големи успеси на македонски филмови по сите светски фестивали, така што тоа е за поздравување и за почит. Од друга страна од институционалната страна е малку потешко. Не би влегувал кои се причините, но самата држава, самиот систем моментално и кој е за финансирање на филмови не е направен за да може да ги поддржи сите автори кои творат на нашата територија и тоа е штета. Но мислам дека со труд и со работа секој ќе стигне до своето. Инаку од авторката гледна точка сум воодушевен, има квалитетна продукција и има позитивни води така што мислам дека веќе и се одделуваме, не сме толку зависни од државната поддршка иако таа е секогаш добредојдена.

Фото: Трилинг / Менди Ќура

„Мене многу елементи, чинители ме натераа да се кандидирам. За тоа мислам повеќе месеци по предлог на пријатели, на бизнис заедницата на културните здруженија, на спортот, заради тоа што гледам дека Струга мора и има капацитет да се смени и се решив наредните четири години да ги подарам за Струга и да направам нешто ново што не е направено досега, вели Менди Ќура претседател на Стопанска комора на северозападна Македонија и независен кандидат за градоначалник на Струга.

За тоа дали може еден независен кандидат да победи во ситуација на две, во најмала рака, големи влијателни партии од албанскиот блок, Ќура вели дека тој како независен кандидат е свесен дека за да победи мора да ги собере гласовите од сите политички партии или пак од нивни симпатизери.

„Затоа сум независен кандидат. Ќе ги барам гласовите и од ДУИ и од ВЛЕН, и од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. Сакам поинаква порака да дадам. Една порака без предрасуди, друга кампања, кампања која ќе мисли само за иднината, со проекти, со сите можни елементи за подобра Струга. Со минатото нема многу да се занимавам. За минатото знаат граѓаните, јас ќе барам поддршка за иднината на Струга. Ги проектирам плановите кои се многу амбициозни и реални и мислам дека граѓаните овој пат ќе изберат еден поинаков кандидат. Значи не мора да е политичар. Не само политичарите управуваат со градот, со институции, можат и бизнисмените. Јас сум го докажал тоа. Ако сакаат граѓаните прогрес ќе ме гласаат мене, ако сакаат да ги поддржат политичарите тогаш нека ги поддржат, што јас не верувам, вели Ќура.

Говорејќи за сегашните економски прилики и нивното менаџирање, Ќура смета дека еден од проблемите е што Македонија во моментов се соочува со дефицит на работна силата.

„Ние како Комора веќе имаме преземено некои мерки во делот на минималната плата. Ние сме прва Комора што предложивме минималната плата да се покачи на 500 евра. Влада може нема средства за нивните, административните работници, но ние збориме за бизнис секторот кај што има средства, но ние бараме придонесите да се намалат затоа што се многу високи. Во тој дел сакаме, ако се прифати нашиот предлог ако се намали придонесот а така и работната сила ќе се формализира преку плаќање на придонеси и од другиот дел микро и малите компании со двајца или тројца вработени поради високи придонеси се на некој начин принудени да не ги пријавуваат работниците или пак истите да бидат на минимална плата. Затоа сакаме да се стимулираат работниците, да имаат повисока плата да ги задржиме тука. Бараме и да се увезува работна сила, да се редуцира административната документација бидејќи е многу комплицирана.

-Имаме и информации дека на нашиот пазар на труд веќе се бараат 20.000 работници.

Целото издание на магазинот „Трилинг“ погледнете го во видеото.