(Видео) Трилинг: Колку вреди животот во Македонија?

Во новото издание на магазинот „Трилинг“ ќе разговараме со Владимир Георгиев, поранешен член на Антикорупциската комисија, Зоран Вулетиќ од Граѓанското демократско движење - Белград и генералниот секретар на СДСМ Александар Димитријевиќ.

Во новото издание на магазинот „Трилинг“ ќе разговараме со Владимир Георгиев, поранешен член на Антикорупциската комисија, Зоран Вулетиќ од Граѓанското демократско движење – Белград и генералниот секретар на СДСМ Александар Димитријевиќ.

Актуелниот случај со судијата Ферати, влијанието на извршната власт врз судско-обвинителствата се само дел од темите во интервјуто со поранешниот член на Антикорупциската комисија, Владимир Георгиев.

Фото: Трилинг / Владимир Георгиев

„Чудно прашање е како Просветниот инспекторат во 2023 година (јуни, јули) утврдил дека ги нема тие четири испити полагано, а сега Обвинителството излегува со наоди дека има докази дека ги полагал“.

„Околу 50%, тоа се ставови, тоа не е прецепција, на самите судии и обвинители кажаа дека има големо влијание од страна на извршната власт, но Владата не најде никаква одговорност за судир на интереси кај тоа лице, за четири години подоцна, САД, односно Стејт департментот овој функционер го стави на црната листа“, вели Георгиев.

Уставните измени, средбата Филипче – Мицкоски и дали требаше да се случи огромна трагедија како таа во Кочани за власта и опозицијата да седнат на иста маса, за состојбите во судството, претстојните избори, се дел од темите за кои разговараме со генералниот секретар на СДСМ, Александар Димитријевиќ.

Фото: Трилинг / Александар Димитријевиќ

„Тука не станува збор ниту за некакво политичко пазарење ниту за било што кое што е во тој правец“.

„Јасните сигнали и на нас како партија се дека бараме тотално неселективна правда, дека бараме отворање на сите случаи“.

„Нема да дозволиме повторно на Град Скопје да му се случи цунами, како што му се случува во изминативе три ипол години“, вели Димитријевиќ.

Нов мандатар за состав на новата српска Влада е познатиот ендокринолог, Ѓуро Мацут, професор на Медицинскиот факултет во Белград. Вучиќ и Брнабиќ ја подготвуваат новата платформа за Србија како одговор на масовните студентски протести. Состојбите во Србија, замешаноста на политиката во сите сфери на општеството се само дел од темите во интервјуто со Зоран Вулетиќ од Граѓанското демократско движење – Белград.

Фото: Трилинг / Зоран Вулетиќ

„Секој систем е израз на политиката. Нашата политика нѐ одалечува од Европската унија, која нѐ приблжува во последните 20 години кон Русија и Кина“, вели Вулетиќ.

Гледајте не вечерва во 20.45ч на ТВ24, на youtube каналот Трилинг, како и на порталот triling.mk.