
(ВИДЕО) Трилинг: Кои се центрите на моќ што сакаат да го урнат од власт Мицкоски?
➡Колку трагедии, пожари и убиства треба да се случат, на колку коруптивни зделки дневно треба да бидеме сведоци за да констатираме дека „системот е девастиран, нефункционален и треба да се промени“? Констатацијата и реалноста се едно, проблемот е како тоа да се спречи. ➡Во новото издание на магазинот „Трилинг“ гостуваат Хајди Штерјова Симоновиќ, Национален координатор на мрежата против насилство врз жената и семејно насилство, поранешните министри за внатрешни работи и за одбрана Павле Трајанов и Лазар Еленовски како и политикологот Тоше Зафиров.
Колку трагедии, пожари и убиства треба да се случат, на колку коруптивни зделки дневно треба да бидеме сведоци за да констатираме дека „системот е девастиран, нефункционален и треба да се промени“? Констатацијата и реалноста се едно, проблемот е како тоа да се спречи.
Во новото издание на магазинот „Трилинг“ гостуваат Хајди Штерјова Симоновиќ, Национален координатор на мрежата против насилство врз жената и семејно насилство, поранешните министри за внатрешни работи и за одбрана Павле Трајанов и Лазар Еленовски како и политикологот Тоше Зафиров.

„Државата ја потпалуваат политичките партии. Тие се главни носители на мирот, стабилноста, но и на нестабилноста или нарушување на мирот во државата“, смета поранешниот министер за внатрешни работи Павле Трајанов и додава дека системот не ни функционира така како што е предвидено и конципирано.
-Тука е проблемот, вели Трајанов, и тој систем треба да се менува.
Според него апсолутно не е точна дијагнозата која што ја промовираат домашни поранешни функционери за српски свет поврзан со Вучиќ, со Орбан, Путин и тн.
Говорејќи за последниот фемицид односно грозоморното убиство на младата Росица и нејзиниот татко од страна на поранешниот партнер, а притоа било барано помош од полицијата, од обвинителството, Трајанов е дециден дека во конкретниот случај се работи за затајување на системот.

Хајди Штерјова Симоновиќ, Национален координатор на мрежата против семејно насилство врз жената и семејни насилство смета дека живот на Росица е можно да бил спасен доколку се постапело согласно сите утврдени законски и подзаконски процедури и правила кои што ги имаме во државата.

„Геополитичкиот интерес во Македонија за Кина на пример или за Русија скоро и да го нема“, смета поранешниот министер за одбрана и екс амбасадор во Брисел Лазар Еленовски, и додава дека системот треба да го смениме реално а не со пароли.
-Се до ден денес, во Македонија реална борба против корупцијата не постои“, вели Еленовски.

Поранешниот советник во Кабинетот на претседателот Пендаровски, политикологот Тоше Зафиров, за тврдењата дека одредени центри на моќ, внатрешни и надворешни, се обидуваат да ја дестабилизираат државата, смета дека тоа е многу изнасилена и пребрза изјава која што премиерот ја даде.
„Таквата изјава повлекува неколку консеквенци и во најмала рака го пали алармот во неколку државни институции, но откако сме членка на НАТО го пали алармот и во Алијансата“, вели Зафиров.

Во емисијата гледајте ја и рубриката „Знаење што менува“.
Гледајте не на ТВ24 во 20.45ч , на youtube каналот Трилинг, како и на порталот triling.mk.