(Видео) Трилинг: Кои од поранешните функционери ќе одговараат за корупција и дали ќе има затворање на некои универзитети?

Колку се реални проценките за дестабилизација и кои се луѓето кои од голтари, како што ги нарече премиерот Мицкоски, станале милионери и работат на дестабилизација?
Дали некој сервира, филува различни проценки за премиерот или за претседателот околу безбедносната состојба?
Зошто министерот Тошковски има потреба од 12 советници?

Гледајте во првата емисија од новата сезона на Трилинг интервју со министерот за внатрешни работи – Панче Тошковски.

Министерката за образование – Весна Јаневска даде своја анализа за податокот дека секоја година по 10% од македонските студенти заминуваат во странство, а 27.000 ученици Македонија изгубила за 10 години.

Ја прашавме и има ли Министерството за образование и наука податоци колку точно македонски државјани студираат во странство?
Дали нашето образование е старомодно? Како ќе го адаптираме на новите тенденции, колку учителите се обучени за идните предизвици?
Колку нашиот образовен систем влијае врз етничките и етичките вредности? Дали наставниците го трасираат патот до етничките ровови?

Во најновото издание на Трилинг гостуваа и Лука Павиќевиќ – студент на Харвард, Але­ксан­дар Николовски – претседател Национално студентско тело, Наташа Јаневска од Стопанската комора на Македонија и Але­ксан­дар Стрезов – директор на АСУЦ.

Погледнете ја првата емисија од новата сезона на Трилинг: