(Видео) Трилинг: Кога пожарите, театарот, дипломатијата и состојбата со рудниците зборуваат за истата несигурност

Во „Трилинг“ со директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов, д-р Лепосава Огњаноска Ставровска од Меѓународен балкански универзитет, аналитичарот Андреја Стојковски од „Преспа институтот“, актерката Марија Минчева Андонова и аналитичарот, колумнист и инженер за екстрактивна металургија Виктор Грозданов.

Во „Трилинг“ со директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов, д-р Лепосава Огњаноска Ставровска од Меѓународен балкански универзитет, аналитичарот Андреја Стојковски од „Преспа институтот“, актерката Марија Минчева Андонова и аналитичарот, колумнист и инженер за екстрактивна металургија Виктор Грозданов.

Жижата со летните горештини се разгорува. Државата располага со четири функционални хеликоптери, како и три ер-трактори што не секогаш се функционални. Нема и пилоти. Дали од проектите во општините барем една иницирала купување на противпожарни возила, во „Трилинг“ со Стојанче Ангелов директор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС).

-За разлика од претходните години можам да кажам дека оваа година сме далеку поподготвени, пред сѐ ер-тракторите кои имаат една од клучните, одлучувачки улоги при справувањето со големи пожари на отворен простор или со шумски пожари. Тие благовремено ќе бидат ставени во функција. Првиот ер-трактор веќе е во државата и е функционален, вториот ќе биде вратен следната недела, а веднаш потоа и третиот. За разлика од порано сега на нив се направија некои дополнителни сервиси, вели за „Трилинг“ Ангелов и додава дека поради староста, амортизацијата, користењето минатите години требаше да бидат извршени дополнителни сервиси за леталата да бидат безбедни.

Ангелов напоменува и дека следната недела ќе се потпишат договор со двајцата пензионирани пилоти на ер-трактори.

„Со тоа ќе имаме тројца пилоти на располагање, така што ќе имаме три летала со три пилоти, а веќе работам на наоѓање и на нови пилоти и можам да потврдам дека со двајца пилоти имам договорено од есен да се стартува со обука. Тоа е период кога најрано може да стартуваме со обуката. Во потрага сум по трет пилот кој ги исполнува условите, кој има барем 400, 500, по можност и повеќе часови лет со професионална дозвола на било каков тип на авион за истиот да може да го упатиме на обука за ер-трактор. Се надевам дека за наредната година ќе имаме шест пилоти, затоа што кога би имале шест пиоти тие би работеле со полна пареа.

-Бидејќи кубуриме со против пожарни возила, особено со теренски против пожарни возила кои се многу значајни при справување со пожари на отворен простор и со шумски пожари, затоа што вообичаено овие пожари се одвиваат на тешко пристапни терени, некаде би рекол и екстремно тешки, овој пат свесни дека како Влада не можеме да набавиме поголема количина на нови возила се одлучивме да прилагодиме некои од постоечките возила кои ги користеше Армијата и и полицијата, истите да бидат прилагодени, на нив, на соодветен начин да се стават резервоари и истите да ги прилагодиме за употреба за гасење на пожари на отворено, па и на шумски пожари, во зависност од пристапноста. Оваа информација ја кажувам ексклузивно за „Трилинг“. Веќе следната недела очекувам да имаме можност нешто повеќе да кажеме на оваа тема, но како и да е за разлика од минатата година оваа година ќе имаме значителен број на специјални возила кои ќе ни помогнат во справувањето со пожарите на отворен простор, додава Ангелов.

Oдржан долгонајавуваниот НАТО самит во Хаг. Европарламентот соочен со извештајот за Македонија. Иранско-израелскиот судир од латентен прерасна во конфликт прерасна со вмрежување на интересите на најмоќните. Со реакциите по самитот на Алијансата за „Трилинг“ со д-р Лепосава Огњаноска Ставровска од Меѓународен балкански универзитет и аналитичарот Андреја Стојковски од „Преспа институтот“.

-Ако се има предвид дискусијата која се водеше околу дополнителните инвестиции во одбраната, различното позиционирање на различни држави и прифаќањето на аргументите на Шпанија првенствено во однос на инвестициите во одбраната и како тоа ќе го постигне, веројатно е ново стратешко прегрупирање.. По однос на позиционирањето со целосна поддршка за Украина и одбраната на нејзиниот територијален интегритет и суверенитет значи дека продолжуваме со истите чекори. Претпоставувам дека сите си заминаа позадоволни и посреќни затоа што Трамп на пример го доби она што го бараше – повеќе инвестиции во одбраната од сите држави членки. Европјаните – определба за одбрана Украина и нејзиниот територијален интегритет. Претпоставувам дека се сите среќни и задоволни, вели за „Трилинг“, аналитичарот Андреја Стојковски од „Преспа институтот“.

Според д-р Лепосава Огњаноска Ставровска од Меѓународен балкански универзитет овој Самит ги изложи сите оние предизвици на коишто е изложено транс-атлантското партнерство во последниот период , а коишто неминовно имаат одрази за Македонија.

-Оној трансакциски однос којшто вообичаено се споменува најде свој израз помеѓу исполнување на главното барање на Доналд Трамп, а тоа беше зголемување на оној дел од буџетот кој земјите од Алијансата се спремни да го одвојуваат. 1,5% за одбраната, но и 1,5% за критичната инфраструктура со земање предвид на сите аспекти на безбедносната ситуација. Од друга страна за возврат едно би рекла едно потврдување на Членот 5 од Договорот за НАТО кој се однесува на колективната одбрана, вели Огњаноска Ставровска.

Според неа, се изложи онаа теза дека постоењето на НАТО е особено значајно за одржување на европската безбедносна архитектура и заканата од Русија како главна закана за Европа, додека пак улогата на САД во тој поглед сѐ уште е носечка и видовме дека САД сѐ уште добро се справуваат со сите случувања и како земја хегемон.

-Од друга страна пак за Европа тоа значи, како што најави претседателката на Европската комисија Фон дер Лајен, еден момент на будење коешто одамна се најавуваше, но и еден момент на создавање на менталитет на одлучност односно Европа како една безбедносна сила многу различно на оној наратив на нормативна сила на којшто ние сме навикната до сега. Од друга страна за таква Европа очигледно ќе треба подолго време, па поради тоа на европските лидери би рекла дека им беше особено битно да ја добијат одново таа безбедносна гаранција од страна на САД, смета Огњаноска Ставровска.

Говорејќи за спорот евроинтегративниот пристап на Македонија, и спорот со Бугарија, Стојковски пак смета дека постојано правиме грешки во чекорите, ги менуваме ставовите и позициите, се затвораме себе си или си го ограничуваме патот на самите себе.

-Лидерите од двете држави можеби беше потребно да договорат нешто во билатерална средба, иако тие многу повеќе се ограничени од дискурсот кој го водат сите политичари во државите, нашите овде, нивните таму.

Огњаноска Ставровска смета дека доколку сакаме ова да го пресликаме на односите со Македонија тогаш многу од безбедносните прашања ќе бидат се повеќе во центарот на вниманието, така што онаа нормативна димензија на ЕУ која се однесува на заштитата на одредени вредности поаѓајќи од владеењето на правата, демократијата, заштитата на човековите права, правата на малцинствата можеби во одредена мера ќе се трансформираат за сметка на создавање на една одбранбена Европа.

„Па така некои од прашањата кои се особено горливи за нашиот процес веројатно ќе треба повеќе да најдат одраз во наше поодлучно дејствување и можеби тука би требало да бидеме малку пореалистични во однос на улогата којашто ЕУ може да ја одигра во таа насока, вели Огњаноска Ставровска.

Стојковски потенцира дека треба да имаме време за да ја изградиме добрата позиција, прво овде лично кај нас за да можеме да одиме било каде.

„Македонија покажа дека може да биде дел од преговарачката маса, да учествува во изнаоѓањето на солуции. На крајот на краиштата бевме претседавачи со ОБСЕ во текот на една година. Успеавме добро да се справиме со тоа и на крајот на годината со министерскиот совет овде во Скопје изјавата беше дека го спасивме ОБСЕ во Скопје, значи дека сме успеале да помогнеме во обработувањето на теренот и во создавањето на консензусот. Така се градат решенија и пристап за стратешки прашања. Во моментов мислам дека постојано вадиме некакви нови тези или нови барања, очекувања се со цел да најдеме некоја друга точка кадешто ќе ја истуриме одговорноста“, вели Стојковски.

Д-р Лепосава Огњаноска Ставровска од Меѓународен балкански универзитет вели дека дискусијата во Комисијата за надворешни работи при Европскиот парламент покрена одредени бурни реакции кои резултираа со усвојување на извештајот и до израз дошле многу предизвици ЕУ внатре..

-Усвојувањето на Извештајот на Комисијата секако дека е позитивен чекор, но тоа можеби беше резултат и на некој обид да се заштити интегритетот пред сѐ на известителот, а и на европратениците во Комисијата. Сепак треба да имаме предвид дека следува усвојување на извештајот и од страна Европскиот парламент и повторно се најавуваат одредени предизвици кои нам ни кажуваат дека секоја една битка колку и да е значајна не може до крај да ја разреши ситуацијата додека не дојдеме до она конечно совладување на пречките кои и понатака ќе не очекуваат на патот кон ЕУ, смета Огњаноска Ставровска.

Со последниве случувања мислам дека на површина доста изби депресијата, но сепак во животот постојат нешта за кои вреди да се живее. Трагедијата во Кочани, претходно Ковид пандемијата, сета таа затвореност на луѓето ги оддалечи едни од други. Заборавивме да зборуваме едно со други, заборавивме да се слушаме едни со други и сета таа таа затвореност мислам дека кај младите доведе да има се поголема анксиозност и панични напади. За тоа мислам дека треба отворено да се зборува, затоа што кога ќе признаеме дека имаме проблем многу полесно тој проблем се решава“, изјави во „Трилинг“ актерката Марија Минчева Андонова говорејќи околу времето во кое живееме, депресијата, гневот, апатичноста кај младите, општествените предизвици кои се пред нас.

За театарот како институција и колку самостојни, независни проекти го ангажираат креативниот потенцијал, Минчева Андонова вели дека Центар за култура, бидејќи не се водат како театар во Штип, од Министерството годишно добиваат два до три проекти.

„Обично успеваме да одработиме една детска и една целовечерна претстава. Јас сметам дека тоа не е доволно. Еве моите колеги кои се не не многу повозразни од мене, порано имале девет до десет премиери годишно, што е за поздрав.

-Ние како Центри за култура како малку да сме запоставени, а не сме ништо подалеку едни од други. Имаме исто образование, но поголем дел од работите се сконцентрирани во Скопје и буџетите во Центрите за култура се помали за разлика во театрите., вели Минчева Андова и додава дека партиите и политиката треба да застанат малку понастрана од целата култура и театарскиот свет за да може послободно да се работи.

„Навистина не знам зошто ги намалуваат буџетите, можеби затоа што ние не сме профитабилна компанија“, додава Минчева Андонова.

Во време на затегнати воено-политички процеси рудните ресурси се значаен потенцијал за државата. Наш хендикеп е што сите рудници во Македонија се во сопственост на странски тајкуни со руско-бугарско деловно портфолио. Во серија написи се огласи и Виктор Грозданов, аналитичар, колумнист, инженер за екстрактивна металургија, кој остро ги критикуваше двете верзии од стратегијата за минерални суровини на МАНУ.

Тој смета дека нема квантификација на вредностите на минералните со кои располага нашата држава и објавува дека таа вредност е најмалку над 20 милијарди евра во експлоатација.

Мислам дека една сериозна научна институција на една сериозна научна институција на која што сме и дале голема доверба како што е МАНУ треба да ги има на располагање сите геолошки истражувања, да дојде до вредностите во тој дел и да ги собере од Министерството за економија или од Министерството за енергетика рударство, минерални суровини. Паушални процени од типот дека имаме толку и толку милиони руда, збориме за металични суровини во овој момент коишто се наоѓаат исклучиво на територијата на источна Македонија и каде што голема светска сила како што е Велика Британија не стави на патот за бакарот, бидејќи на патот за бакарот ние се делиме помеѓу руската федерација и Комонвелтот. И овој кредит кој го зема Македонија не е ништо случајно и они ќе сакаат да ја експлоатираат бакарната руда и Македонија да просперира од бакарот, златото и среброто кое го поседува и тоа е токму во источна Македонија. Другите делови немаат металични суровини. И тоа не е случајно. Сметам дека МАНУ ги крие податоците.

-Јас имав средба којашто беше иницирана од нивниот соработник г-дин Александар Дединец, но моите професори од технолошко-металуршкиот факултет, каде што барам да има средба бидејќи нема ниту еден технолог и металург вклучен во стратегијата а за екстракцијата на метали и неметали битен е токму овој факултет, воопшто не се воодушевени ниту возбудени од мојата средба. Блаже Боев ќе треба многу сериозно да објасни зошто факултетот се заобиколува. Јас ќе ви прочитам сега нешто:

-Милионерот Александар Бронштајн откако собра капитал од рускиот алуминиум почна да инвестира во бизнисот со феролегури ширум светот. Неговиот главен интерес се нагласените средства во државите со тешки финансиски и политички ситуации Украина, Македонија и тн. На пример во Гватемала Солвеј Груп припаѓа на компанија Гватемалика де никел. Во Македонија бронштајните се здобија со два стари рударски погони – тоа се инаку Саса и Бучим и една фабрика за феролегури за затварање. Трошоците се околу 100 милиони евра и се исплатиле во првите неколку години по лансирањето на компаниите. Интересно е тоа што лиценците почнаа да им се одземаат на ривалите на Солвеј груп (руски капитал) под притисок на локалните активни екологисти. Еден од поактивните на ова поле беше Крум Велков кој е отворен промотор на интересите на Руската федерација во Македонија. Велков и неговиот вработен Ангел Наков спроведуваат активности против западните рударски компании како што се Канадиан резервоар минералс или украинско-англиската Сардиќ. Тој ги подржува локалните невладини организации кои го напаѓаат проектот од рудникот за бакар и злато Иловица. Сите овие проекти во моментов се суспендирани“.

На овие што ги споменувам во текстот погоре другар им е личност чиј татко во ’69-та го кодошеше Драган Богдановски. Играат за Советскиот сојуз. Целта е – не може да влезе друг странски капитал освен руски. Јас нема ништо против Русите. Имаат они проблем. Знаете каде е проблемот? Јас сум соработува со луѓе кои работеле во Москва и свртеле милиони евра и викаат вака: На Русин немој да му вети дека нешто можеш да му исполниш. Доколку можеш да му исполниш, а не му го исполнуваш, можда и ќе поминете лесно, а ако не можеш да му исполниш а си му земал пари за таа работа – е тоа е веќе голем проблем.

-Иловица е најголемиот рудник во Југоисточна Европа за бакар и за злато и сега тоа треба да биде наоѓалиште а Бучим да сака да го откупи. Односно он по закон од чедото на кодошот кој го сменил законот во 2017-та година да сака да го купи наоѓалиштето, вели Грозданов.

Околу тоа дека во самиот вовед на конечната верзија на стратегијата за минерални суровини се посочува дека Европската комисија предлага зголемување на домашната експлоатација на критичните минерални суровини и што од тоа поседува Македонија покрај бакарот, среброто, оловото, ретките метали потребни за модерните технологии, Грозданов вели дека затоа постои Геолошки завод кој не може да молчи.

-Затоа постои и Македонска асоцијација за рударство, но бидејќи тие се под директна ингеренција на Солвеј груп кои сега се претставуваат дека се Британци )значи од Руси – Британци), тие молчат. Тие не кажуваат што имаме ние и што е најтрагично имаме Сектор за рударство којшто ја држи во информативен мрак министерката Сања Божиновска. Македонската асоцијација за рударство при Стопанската комора на Македонија ја држи министерката во мрак. . И на сето тоа МАНУ мисли дека ќе пројде така.

-Извинете другари, не може да го прогласиш рудникот Бучим дека е рудник за бакар. Рудникот Бучим бил за бакар и за злато. Што и да мислиме за Чифлиганец, што и се да не му измислија, во неговите монографии јасно и недвосмислено пишува дека со златото на Бучим е направен златниот македонски денар, со златото на Бучим е отворен Голдмак со којшто во ’92 година удрил лопати со Киро Глигоров. Со златото на Бучим доделувал 13-та плата. Златото на Бучим го носел во рудникот Бор, во топилницата го топеле златото и го враќале назад. Златото од Бучим прво правило е дека мора д асе продаде на Народна банка на Република Македонија и наеднаш најголемиот експерт, ректор на универзитет, декан на геолошкиот и рударски факултет, академик Блажо Боев прогласува дека Бучим е рудник за бакар. Се поставува прашањето – каде е златото?. Ме интересира како наеднаш го снема, вели Грозданов.

Целото издание на магазинот „Трилинг“ погледнете го во видеото.