
(ВИДЕО) Трилинг: Како ја завршуваме годината и што не очекува во 2026-та
➡Во последното издание на Трилинг за оваа година, ТВ магазинот го почнуваме со интервју со академик Абдулменаф Беџети претседател на Фискалниот совет, потоа следува разговор со Снежана Камиловска од МЦМС за битката со корупцијата и новиот Кривичен законик. Во емисијата гостува и пијанистот Бобан Мирковски , а ќе може да ја проследите и рубриката „Знаење што менува“ со сертифицираниот Мајкрософт тренер Гоце Аргиров.
Во последното издание на Трилинг за оваа година, ТВ магазинот го почнуваме со интервју со академик Абдулменаф Беџети претседател на Фискалниот совет, потоа следува разговор со Снежана Камиловска од МЦМС за битката со корупцијата и новиот Кривичен законик.
Во емисијата гостува и пијанистот Бобан Мирковски , а ќе може да ја проследите и рубриката „Знаење што менува“ со сертифицираниот Мајкрософт тренер Гоце Аргиров.

„Трендот е загрижувачки бидејќи ни се празни државата, ни бегаат младите. Од ден на ден ние имаме се помалку активно работно население, а уште помалку квалитетна работна сила. Имаме огромна асиметрија на пазарот на трудот.
-Барањата за зголемување на минималната плата може да бидат оправдани во зависност од која точка ги гледате, вели академик Беџети.

„Околу 448.000 граѓани во оваа држава сториле некакво коруптивно дело претходната година.
-Ние доаѓаме до стапка на ефикасност и ефективност на институциите од 0,016%. Тоа ни го покажува поразот на системот во којшто живееме и спремноста на институциите ревносно да се борат со корупцијата“, вели Камиловска.

„Вториот албум го издадов со транскрипции за пијано на наши популарни композиции од периодот на шеесеттите години па се до раните двеилјадити“, вели Мирковски.
Гледајте не на ТВ24 во 20.45ч , на youtube каналот Трилинг, како и на порталот triling.mk.