Кој и како да ги избира делителите на правдата во Македонија? На ова прашање во најновото издание на „Трилинг“ со Горазд Чомовски одговара Мирјана Лазарова Трајковска, судијка во Врховниот суд.
– Составот, структурата на Судскиот совет како модел е уставно утврдена. Затоа велам, за да се влезе во таква промена, како што се најавува, мора да се влезе и во Уставните амандмани, вели таа.
Според Лазарова Трајковска, мандатот не е проблем, тој е гарант, меѓутоа селекцијата на судиите го детерминира составот на сусдството.
Во однос на тоа дали Академијата потфрли на некој начин во изборот на кандидатите, судијката во Врховниот суд истакнува дека во неколку наврати тоа било случај.
– Во добар дел судиите и судовите, особено во кривичните постапки зависат од тоа што ќе сработи претходно во истрага Јавниот обвинител, додава Лазарова Трајковска.
Дали со овие измени може да се очекува поефикасно функционирање на органите на управување, според Драган Гоцевски, Универзитетски професор, суштински не се навлегува во некои нови надлежности, нова техника или нов начин на работа, односно иновација нема.
Без никакво изненадување, победничката партија и големото враќање на политичката сцена е партијата ГЕРБ на лидерот Бојко Борисов и поранешниот премиер на Бугарија. Тоа е првата работа во однос на изборите за европскиот парламент, кои за Трилинг ги анализира бугарскиот новинар Љубчо Нешков.
– Втората работа е поразот на либералите. За македонската јавност најпознатото име е Кирил Петков, поранешниот премиер, вели тој.
Прогресот е само, исклучиво во новото, различното, посебното е констатација на режисерот Јане Алтипармаков, кој во гостувањето во „Трилинг“ потврдува дека е длабоко уверен во тоа.
– Не постои друг начин за човек и лично да се менува, но и целото општество да се менува и да оди на подобро, порачува режисерот.
Погледнете го најновото издание на „Трилинг“ со Горазд Чомовски: