
(Видео) Трилинг: Интервјуа со Дарко Костадиновски, Кржаловски, Тахири и Пешевски
Претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски, Александар Кржаловски директор на МЦМС, Сефер Тахири универзитетски професор и Иван Пешевски, потпретседател на ССМ гостуваат во новото издание на магазинот „Трилинг“.
Претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски, Александар Кржаловски директор на МЦМС, Сефер Тахири универзитетски професор и Иван Пешевски, потпретседател на ССМ гостуваат во новото издание на магазинот „Трилинг“.
За тоа кога може да се очекува на дневен ред да се стави точката за Законот за употреба на јазиците. Дали е можно да дојде до крах на безбедносниот сектор, потребно ли е носење на закон за Уставен суд и дали Уставниот суд како гарант на уставноста и законитоста се препознава во нефункционалноста на системот, се само дел од темите за кои разговаравме со првиот човек на Уставниот суд Дарко Костадиновски.
„Подготвителната седница за Законот за употреба на јазиците ќе биде ставена на 19-ти јуни. Ништо страшно нема да се случи. Еве балансерот го укинавме се случи ли нешто страшно?
-Доколку Собранието не постапи со нашите правни стојалишта ние немаме избор, ние мора да интервенираме во тој закон, но не дај Боже ако настапат последиците тогаш ние не сносиме никаква одговорност, смета Костадиновски.
За можноста од демонтажа на мрежата на на општествената и политичка корупција, за последниот случај со првата антикорупционерка Татјана Димитровска и дали со тоа се компромитира целокупниот состав на ДКСК, за евроинтегративните процеси, во „Трилинг“ гостин е првиот човек на МЦМС Александар Кржаловски разговаравме
„Верувам дека притисокот и од ЕУ ќе биде поголем после локалните избори да ги направиме уставните измени“, вели Кржаловски.
Во интервјуто со професорот Сефер Тахири зборувавме за политичките случувања во коалицијата „Вреди“, за тоа дали е можно интегративците да се вратат во „игра“ на локалните избори…
„Објективно мислам дека место во Владата за двата политички блока од Вреди нема. Или едните или Таравари треба да ја напуштат владината коалиција, смета Тахири.
Во последниот дел со потпретседателот на ССМ Иван Пешевски една од темите на разговор беше дали конечно и Владата и работодавачите имаат слух за синдикалните барања, зошто младите заминуваат од државава…
„Ние си ги избркавме нашите домашни квалификувани кадри. Она што се случуваше во минатото и зошто сите си заминаа е поради ниските плати“, вели Пешевски.
Гледајте не вечерва во 20.45ч на ТВ24, на youtube каналот Трилинг, како и на порталот triling.mk.