(Видео) Трилинг: Интервјуа со Билјана Ивановска, Мишко Ралев и Филип Попоски

Во Трилинг одвоени интервјуа со Билјана Ивановска поранешна претседателка на Антикорупциската комисија, проф. Мишко Ралев архитект и Филип Попоски машински инжeнер. 🔴 „Приказната со дивоградбите во Општина Чаир не е од сега. Таа е долга. Дури на претходните парламентарни избори, поранешниот градоначалник во Општина Чаир, сега министер за животна средина сам кажа - Јас ги легализирав дивоградбите на Бујар Османи, браќата на Артан Груби изградија дивоградби и на многу други граѓани. Кој покрена нешто по таа негова изјава? Само лично признание пред цела македонска јавност“, изјави во магазинот „Трилинг“ поранешната претседателката на Антикорупциската комисија Билјана Ивановска говорејќи околу последниот случај со дивоградбите во Чаир кој наидува на институционален молк и на што се должи оваа недоследност во реакцијата иако власта велеше дека нема селективно да реагира доколку има и елементарен сомнеж за корупција. 🔴 -Не сме далеку од држава во држава. И треба многу енергија да се справиме со ова и можеме да се справиме. Не дека не. Кога се случуваат вакви допири на дно на дното треба да се направи отскок. Како да се направи тоа? Така што ќе се исчисти се тоа што не довело да дојдеме до тоа дно“, вели Ивановска. 🔴 -Ралев смета дека за сите дивоградби некој свесно прогледувал низ прсти. Ако одите по оваа законска процедура, вие имате временски термини - да се даде на ревизија, да се добие одговор, да се даде на супер ревизија, да се добие одговор од супер ревизија и сето тоа ревидирано да го аплицирате во општина, па таму да сочекате и сето тоа има некој свој и финансиски ефект. Проектантите се плаќаат, плаќате комуналии. Плаќате зошто вие тоа го работите законски затоа што сте дел од Законот на Детален урбанистички план (ДУП). ДУП-от ги носи капацитетите - водоснабдување, снабдување со енергија, просторно снабдување, зонско снабдување. Значи вие сте планирани да бидете таму со својот капацитет, пет ката, шест ката, густина на население. Значи урбанистичките планови тоа го предвидуваат. И сега вие влегувате со дивоградба. Тоа е едно тотално лудило, затоа што вие мора законски да се приклучите на инфраструктурата на градот. Како може да ве приклучи ако сте дивоградба?“, прашува Ралев. 🔴 Во разговорот професорот и архитект Ралев не ја исклучи можноста да се кандидира на претстојните избори за градоначалник на Скопје. - Се водат некои разговори, но не зависи од мене. Голем предизвик е, чест е некој да ве кандидира да го работите тоа. Почетокот би бил да се поврзат луѓето во управата со една цел - да се подобри градот. Затоа што градот треба да се одржува и треба да се направи план за развој. Тоа се основните параметри коишто на секој град му требаат - секојдневно одржување и проклети и планови за иден развој во сите сегменти. Од инфраструктура, социјала, култура, затоа што градот не е само физичка структура, таа е и социјална и културна“, вели Мишко Ралев. 🔴 Говорејќи околу се почестиот премин на автоматизирање, роботика и колку овој тренд ја загрозува работата на индивидуата, човекот и дали се ќе се сведе на роботика, автоматизација, Попоски вели дека нема целосно да се елиминира улогата на човекот. 🔴 - Не сум оние што мислат дека роботите и вештачката интелигенција во догледно време ќе не остават сите без работа. Баш напротив сметам дека дури и повеќе можности за вработување би се појавиле, но поразлични. И како инженери, еве јас како машинец, сметам дека доколку се приспособиме на оние нови трендови и следиме што треба да се случува и што е работната задача на еден инженер не може целосно да бидеме елиминирани, вели Попоски.

Во Трилинг одвоени интервјуа со Билјана Ивановска поранешна претседателка на Антикорупциската комисија, проф. Мишко Ралев архитект и Филип Попоски машински инжeнер.

Фото: Трилинг / Билјана Ивановска

-Сметам дека тука и тоа како има простор за постапување од страна на Обвинителството. Треба сериозно да пристапи кон овој проблем, бидејќи дивоградбите во Општина Чаир не се нешто нов. И ние сме имале предмети, дури имавме и кривична пријава поднесена за градоначалникот на општината. И тоа пријава доставена од Државниоt инспекторат за градежништво кој не можел да се справи како таков во општината и побара помош од ДКСК. Не можел да се справи – во смисла не добивал документи од општината. И ние не добивавме документи од Општина Чаир, дури имавме и прекршочни казни за градоначалникот кој не ни доставуваше документи по други предмети. Зборам за предмет кој беше дивоградба.

-Не ни доставуваше документи, чекавме подолг временски период, за после тоа да добиеме одговор од градоначалникот дека објектот е изграден и ги исполнува условите за легализација. Ве молам. По тој предмет ние доставивме кривична пријава во обвинителството и сега неодамна откако почнаа овие настани со градоначалничката на Скопје излезе во медиумите одговор од обвинителството, дека тие постапуваат по нашиот предмет, дека градоначалникот им дал податоци за друга парцела и дека тие побарале помош од друга надлежна институција да утврди за која парцела станува збор. Обвинителството не кажа дали покренале друга постапка за градоначалникот за доставување лажни податоци. Пак ќе кажам – приказната со дивоградбите во Општина Чаир не е од сега. Таа е долга. Дури на претходните парламентарни избори, поранешниот градоначалник во Општина Чаир, сега министер за животна средина сам кажа – Јас ги легализирав дивоградбите на Бујар Османи, браќата на Артан Груби изградија дивоградби и на многу други граѓани. Кој покрена нешто по таа негова изјава? Само лично признание пред цела македонска јавност“, изјави во магазинот „Трилинг“ поранешната претседателката на Антикорупциската комисија Билјана Ивановска говорејќи околу последниот случај со дивоградбите во Чаир кој наидува на институционален молк и на што се должи оваа недоследност во реакцијата иако власта велеше дека нема селективно да реагира доколку има и елементарен сомнеж за корупција.

-Не сме далеку од држава во држава. И треба многу енергија да се справиме со ова и можеме да се справиме. Не дека не. Кога се случуваат вакви допири на дно на дното треба да се направи отскок. Како да се направи тоа? Така што ќе се исчисти се тоа што не довело да дојдеме до тоа дно“, вели Ивановска.

Околу тоа што значи овој молк од извршната власт во однос на прозивките на градоначалничката и дали всушност во случајот Ганиу и се препознава и тактичност на премиерот Мицкоски од опасност од поголеми политички последици, Ивановска вели дека не сака да навлегува во политички анализи и дека правосудството треба да биде оставено независно да си работи и поднесува претставки.

Фото: Трилинг / Билјана Ивановска

За затворањето на истрагата за случајот со пожарот во Кочани и дали оваа трагедија е резултат на децениска корупција, незаконски дозволи, ерозија на целокупниот систем, Ивановска смета дека Кочани е најтешката лекција што ние ја добивме во овие 35 години.

„Значи најтешката лекција, со најтешки последици. Замислете колку години таа дискотека опстојувала без почитување на сите пропишани правила за постоење на таа дискотека, односно кабаре. Се почесто ги регистрираат како кабаре за да може покасно да работат и од друга страна без никакви контроли, а дури се шират муабети дека во убавите времиња дека таму доаѓале претставници од опозиција, позиција и си го поминувале времето. Значи кај нас многу е битно каков впечаток ќе се остави и се тргува со влијанието. Ако во вашиот локал влегува некој познат моќник тогаш кој смее вас да ви прави контрола. Значи зошто не се направени контролите. Зошто градоначалникот кој треба да знае што му работи во неговата општина немал реакции претходно. Не само последниот и сите претходни. Министрите за економија. каде е регистарот на тие ноќни клубови. Ние покренавме таков предмет по сопствена иницијатива, но имавме претставка после тоа и ги споивме за скопските локали. Ние тука откривме дека имате локали кои имаат забрана за работење од страна на инспекторите и тие продолжуваат да работат. Па кој им го дозволува тоа?. Значи она суптилно влијание позадинско, е очигледно дека постои, ако е позадинско.

Околу одлуката на Управниот суд со која се бара ДКСК да овозможи увид врз сомнителниот сертификат за англиски јазик на директорот на АНБ Боја Христовски и како е можно за ДКСК да биде валиден сертификатот на Христовски за ТОЕФЛ од Пловдив, Бугарија, кога суд веќе осудил две директорки затоа што приложиле ист таков сертификат кој е оценет како невалиден и Ивановска смета дека се работи за двојни аршини.

„За директорките по кратка постапка со барање информации од Америка од центарот за ТОЕФЛ добија информации дека тие госпоѓи не полагале и имаше и судски пресуда. Во овој случај некако многу се штити од сите страни. Значи и начинот на водење на предметот во ДКСК беше несоодветно воден, а и сега и понатаму не е возможно вие на новинар да не му давате податоци и е срамно поради нетранспарентност ДКСК да завршува со пресуда на Управен суд кој вели мора да ги дадете податоците. Тоа е дозволиво. И од овој случај со сертификатите ништо не научивме. Значи не е само Бојан Христовски. Можеме така да го крстиме предметот, но факт е дека во Македонија има бројни и бројни лажни фалсификати. Не само за познавање странски јазик, туку и за високо образование. Но ајде да се задржиме за овие за странски јазик. Се сеќавате што се случи во Парламентот? Христијан Мицкоски на Венко Филипче му ги даде, еве ти ги од твојата партија лажните сертификати и предметот застана. Што значи тоа? Тоа е политичко пазарење. Иако и ова беше момент да се расчисти со лажните фалсификати, бидејќи јас сум сигурна и сум уверена дека во двете главни партии македонски и албански, и во опозицијата и во позицијата, има луѓе со вистински сертификати и има луѓе што со свој труд го стекнале знаењето. Е тие требаше да се изборат против „лажњаците“, вели Ивановска.

Околу тоа каков е кредибилитетот денес на Антикорупциската, дури и ако се докаже дека актуелната претседателка не сторила кривично дело и зошто иако даде изјава дека не поднесува оставка зошто сѐ уште ДКСК функционира во вакви околности со низа на сомнежи околу капацитетот и кредибилитет, Ивановска смета дека тоа што не поднела оставка нанела штета на институцијата.

„По мене требаше веднаш да се повлече, без разлика дали е виновна или не. Тоа ќе го докаже обвинителство, суд и тн. Требаше да има еден чекор – еден морален чин. Требаше да се повлече. На овој начин факт е дека го нарушува угледот на институцијата. Собранието пак е на потег. Таа има забрана од страна на Обвинителството за вршење на работи во ДКСК, а во Законот стои дека Собранието може да разреши член на Комисијата во услови кога има забрана. Значи Собранието има основа да изврши разрешување на претседателката. Прашање е зошто не го прави тоа.. Во секој случај, јас не знам дали постои друго место на светот вие да имате забрана од суд да работите, да не одите да работа и да земате функционерска плата. Кај го има ова на друго место во светот јас не знам“, вели Ивановска.

Фото: Трилинг / Мишко Ралев

Говорејќи за тоа како е возможно да никнат речиси 150 дивоградби во Чаир и како да се запре оваа градежна и урбанистичка злоупотреба, професорот и архитект Мишко Ралев со мислење дека ние едноставно не сакаме да го запреме.

„Јас и додека бев претседател на Асоцијација на Архитекти на Македонија беше донесување на Закон за продолжувањето на законот кој ги третираше објектите изградени до 2011 година. Тогаш ние излеговме со став дека дивоградбите сами по себе не можат да се легализираат без обемна инженерска анализа. Што значи тоа? Значи вие имате објект што не ги поминал процедурите како што секој проект ги поминува. Имате проектирање, ревизија, па супер ревизија на Институтот за земјотресно инженерство. Значи супер ревизија на конструкцијата, затоа што Скопје е трусно подрачје и потоа аплицирате во соодветната општина за одобрение за градба. Значи и таму се проверуваат содржината на проектите, елаборатите кои треба да ги има. Сето тоа е една проектантска процедура.

-Ралев смета дека за сите овие дивоградби некој свесно прогледувал низ прсти. Ако одите по оваа законска процедура, вие имате временски термини – да се даде на ревизија, да се добие одговор, да се даде на супер ревизија, да се добие одговор од супер ревизија и сето тоа ревидирано да го аплицирате во општина, па таму да сочекате и сето тоа има некој свој и финансиски ефект. Проектантите се плаќаат, плаќате комуналии. Плаќате зошто вие тоа го работите законски затоа што сте дел од Законот на Детален урбанистички план (ДУП). ДУП-от ги носи капацитетите – водоснабдување, снабдување со енергија, просторно снабдување, зонско снабдување. Значи вие сте планирани да бидете таму со својот капацитет, пет ката, шест ката, густина на население. Значи урбанистичките планови тоа го предвидуваат. И сега вие влегувате со дивоградба. Тоа е едно тотално лудило, затоа што вие мора законски да се приклучите на инфраструктурата на градот. Како може да ве приклучи ако сте дивоградба?“, прашува Ралев.

Фото: Трилинг / Мишко Ралев

Професорот вели дека не е политичар за да знае како тоа на политичарите им проаѓа, но смета дека тоа свесно го прават затоа што постојат закони.

„Вие како политичари, како власт, како управа, вие морате да ги спроведувате законите и се што е вон закон вие мора да го казнувате. Се вадиме дека немаме инспектори, дека тие треба да дојдат по повик. Политичарите можеби и си ги средуваат некако овие регулативи за да нема инспектори, за инспектор да не може сам да излезе да види што се случува. И сега ние гледаме, не знам дали е тоа акциона драма или комедија, дека се споредуваат сателитски снимки на одредени локации во одредени временски термини кои покажуваат дека во тоа време немало објект. Значи ние имаме една временска граница, тоа е 2011. Значи тоа е пред 14 години. За овие 14 години се изградени 90% од сите дивоградби, а ги датираат пред 2011 и никој не се дрзнува да ја земе како доказ сателитската снимка, вели Мишко Ралев.

За впечатокот дека кога се дивоградбите има дослух помеѓу централната и локалната власт, вели дека ова прашање отвора други аспекти, а тоа е уредувањето на Градот Скопје кој има 10 општини и Град Скопје.

„Тука сега се поставува една констатација дека ние сме уникатен град каде што локалните самоуправи, односно општините во Град Скопје имаат недозволиво големи ингеренции. Кај нив во локалната самоуправа ги донесуваат ДУП-овите на совет на општина. Они бараат некое одредено мислење од Министерството за транспорт и врски само во процесот на донесување на ДУП-от. Таков град нема. И големите градови, Париз, Њујорк, сигурно дека се организирани во помали просторни единици, но тие просторни едници немаат такви овластувања. Сличен град на Скопје е Белград, каде што општините немаат ингеренции како што ги имаат општините во Скопје“, вели Ралев.

Во разговорот професорот и архитект Ралев не ја исклучи можноста да се кандидира на претстојните избори за градоначалник на Скопје.

„Се водат некои разговори, но не зависи од мене. Голем предизвик е, чест е некој да ве кандидира да го работите тоа. Почетокот би бил да се поврзат луѓето во управата со една цел – да се подобри градот. Затоа што градот треба да се одржува и треба да се направи план за развој. Тоа се основните параметри коишто на секој град му требаат – секојдневно одржување и проклети и планови за иден развој во сите сегменти. Од инфраструктура, социјала, култура, затоа што градот не е само физичка структура, таа е и социјална и културна“, вели Мишко Ралев.

Фото: Трилинг / Филип Попоски

Како машински инженер има различни предизвици. Многу често во државата се мисли дека во производство нема инженеринг. За жал тоа е кај помладите инженери, особено мои генерации, оние после мене што доаѓаат, е дека во производството нема многу инженеринг, но токму поради таа автоматизација за која што говориме, јас работам во компанијата „Гересхајмер“ и можам да кажам дека е исклучително комплициран производствен процес и има голем степен на автоматизација. Неодамна имавме посета од студенти од машински факултет, токму од смеровите за автоматизација од каде што воочија дека навистина има големи предизвици во производството и има доста што може да се научи, многу повеќе одошто можеме да видиме во универзитетските клупи, изјави за магазинот „Трилинг“, Филип Попоски машински инженер.

Говорејќи околу се почестиот премин на автоматизирање, роботика и колку овој тренд ја загрозува работата на индивидуата, човекот и дали се ќе се сведе на роботика, автоматизација, Попоски вели дека нема целосно да се елиминира улогата на човекот.

„Не сум оние што мислат дека роботите и вештачката интелигенција во догледно време ќе не остават сите без работа. Баш напротив сметам дека дури и повеќе можности за вработување би се појавиле, но поразлични. И како инженери, еве јас како машинец, сметам дека доколку се приспособиме на оние нови трендови и следиме што треба да се случува и што е работната задача на еден инженер не може целосно да бидеме елиминирани.

-Не сметам дека вештачката интелигенција ќе ни ја земе работата, но мислам дека мора да се приспособиме за одредена промена“, вели Попоски.

Целото издание на магазинот „Трилинг“ со Горазд Чомовски погледнете го во видеото.