(Видео) Трилинг: Има ли потреба од идентитетско, јазично и културно преспитување?!

Извртување на историските факти е лага, а лагата и науката не одат. Во „Тетовирани души“, Горан Стефановски опишува еден историски стереотип во однесувањето на Македонците: „Иднината никако да дојде, минатото никако да си отиде, а ние овде глумиме сегашност.“

На оваа тема како и на други прашања во „Трилинг“ разговараме со македонскиот оперски тенор Благој Нацоски и проф. д-р Митко Панов, директор на ИНИ – Институт за национална историја.

За оперскиот тенор, Нацоски, класичната дефиниција за тоа што е патриотизмот е сакањето на својата нација и истовремено почитувањето на останатите нации, иако во денешно време, како и многу нешта во историјата, мислам дека и зборот „патриотизам“ истото го има доживеано.

„Малку е тешко таа еволуција да се примени во Македонија, за жал, не по вина на нас Македонците, туку по вина на сите оние негирања што ги доживуваме во овие 33 години независност и кои се уште ги доживуваме од некои од соседите, така што мораме и понатаму да докажуваме околу нашиот идентитет, нашата посебна култура, посебен ентитет, посебен јазик, посебни традиции, наместо да се сконцентрираме кон патриотизмот којшто е во чекор со времето.

-За мене една политичка гарнитура којашто ја води државата, зборувам во меѓународни рамки, во било која држава е повеќе патриотска доколку им обезбеди на своите граѓани достоен живот.

На прашањето што е приоритет – да се бранат националните интереси или да им се обезбеди на граѓаните светла иднина подобар живот, стандард, функционални институции, доверба во системот, Нацовски вели дека би било идеално сето тоа да оди паралелно.

Нацовски вели дека на уметниците им пречи тој националистички начин на живеење, негирање на некоја на нација.

„Единствените разлики се оние од културата, а тука стигнува до она што го има кажано и Гоце Делчев, дека единствен натпревар помеѓу нас народите треба да биде оној културниот. И навистина е така. Особено ми пречи некој во 21-от век да негира нешто, а од друга страна не гледам силни европски или светски лидери, коишто, како што се вели народски „би ги фатиле за уши“ оние послабите и би им рекле – чекајте малку што зборувате, зарем во 21-от век да се занимаваме со овие нешта. Овде на Балканот место за АИ, разговараме за инфраструктурата којашто е катастрофална, неможеме од Скопје до Софија, или од Скопје до Солун, до Тирана да стигнеме за час и половина а толку е блиску, вели Нацоски и додава дека сиве овие нешта се средат и се изградат, народите ќе бидат поповрзани и сите оние глупави политички негирања ќе исчезнат.

„Пред да заминам за Софија си размислував каков ќе биде односот кон мене. Во ниеден момент не стана збор за проблемите коишто ги имаат, во овој случај двете влади, бидејќи двата народи немаат проблеми. Кога ќе кажев дека доаѓам од Македонија бев уште повеќе добредојден, а имаше во претставата колеги од други земји. Генерално земено јас сум воодушевен од мојот престој во Софија и би се вратил повторно да настапувам таму.

За констацијата дадена во 2023 година, дека во Македонија се нема свест колку е важен Уставот на една држава и компарацијата со италијанскиот Устав, Нацоски вели дека во Италија во било која дебата и на најниско ниво, не мора да е политичка, секогаш се споменува Уставот.

„Не е тајна дека поседувам и италијанско државјанство, кога ја давав заклетвата се колнев дека ќе го почитувам Уставот на Италија и истовремено ми беше полонет Уставот од лицето каде што ја правев заклетвата. Се уште кај нас, за жал, фали онаа свест што значи Уставот на нашата држава. Дека тоа е највисокиот акт и дека треба сите да си го почитуваме пред се тоа треба да го прават политичарите, а потоа и сите ние другите. Барем да се познаваат фундаментите на истиот. А кога сме веќе за Уставот, бидејќи е актуелно прашањето, јас препочитам граѓански Устав, токму како што имаат Франција, Италија, Бугарија… Со тоа би се решиле проблемите и не би ги имале сега овие проблеми со соседите, изјави за „Трилинг“ Благој Нацоски.

11 Октомври е еден од најзначајните одредници во историјата, почетокот на антифашистичката борба во Македонија, 19941 година, дали во модерната пост-воена историја е доказ дека постојано сме на вистинската страна или се уште имаме дилеми во однос на тоа, дали во тоа време бевме на вистинската страна.

Во интервју за „Трилинг“, директор на ИНИ – Институт за национална историја, проф. д-р Митко Панов вели дека ние секогаш сме биле на правилната страна, но прашањето е што сме добиле од тоа.

„Во случајов 11 Октомври е симболот на тој непокор на македонскиот народ и на останатите заедници коишто се избориле за државноста, коишто го почнале и иницирале вооружениот отпор против окупацијата и фашизмот и тоа е таа симболика или придонес којашто Македонија ја има во тие да кажеме сега европски вредности, коишто предупредуваа да не се повтори, вели Панов.

Тој го потенцира фактот дека 11 Октомври би требало да биде не само одбележување на еден значаен настан, туку и секогаш преиспитување на самите себе. Што направиле нашите претходници, што ние треба да направиме сега за државата.

„Тоа треба постојано да го имаме предвид кога зборуваме или да се преиспитуваме дали сме на вистинската страна“, вели Панов и додава дека историјата по дефиниција е нешто што ја рефлектира традицијата.

„Едно е да имате традиција којашто се оддржува, во случајов ние го имаме 11 Октомври како ден определен со Президиумот на АСНОМ, одлуката за прогласување на 11 Октомври која што е донесенана Президиумот на народното собрание на 8-ми Септември 1945 година и тоа е Закон за прогласување на Народното востание во Македонија за народен и државен празник. Тоа е таа одлука којашто еве ние како Институт за национална историја и заедно со Државниот архив ќе биде дел од изложбата којашто ја организираме по повод 80 години од АСНОМ и антифашистичката борба и која што на 13 Ноември свечено ќе биде отворена во Музејот на македонската борба за самостојност.

Околу работите во заедничата Комисија Панов вели:

„Го спомнав АСНОМ, да ние сме биле на вистинската страна, но прашање е дали тоа сега реално се цени, бидејќи ние постојано треба да ги истакнуваме нашите жртви и жртвите на нашите Евреи, кои што се жртви на тие воено-политички контексти и довеле до такви војни коишто во случајов предупредуваат. Во Манифестот на АСНОМ јасно се дефинира каква била улогата на тогашна Бугарија и каква била улогата на Македонија во тој поглед. Ако во работата на историската комисија меѓу Македонија и Бугарија не се меша политиката веднаш ќе најдеме решение, проф. д-р. вели Митко Панов директор на Институтот за национална историја и член на комисијата со Бугарија во интервју за „Трилинг“.

Погледнете го најновото издание на емисија „Трилинг“ со Горазд Чомовски: