
(Видео) „Трилинг“: Идентитет под лупа, отпад под нозе
🔴 -На нас е да ги објасниме нашите аргументи, стравови, да ги објасниме тие формално, неформално, писмено, усно, во секоја фаза во која можеме тоа да го направиме, на секој форум и на секоја дебата, на секој состанок, за да можеме да обезбедиме разбирање за нашите аргументи и нашето разбирање на крајот на краиштата за тоа што значат за нас идентитетските обележја, до каде се нашите црвени линии, што може да прифатиме, што не може да прифатиме. И тоа треба да биде совршено јасно. И презентирано и елаборирано за да може евентуално во иднина да се избегнат вакви недоразбирања“, изјави во магазинот „Трилинг“, Драган Тилев државен советник за европски прашања во врска со компарацијата на еврокомесарката за проширување Марка Кос на македонскиот идентитет и нашите традиционална кујна и дали тоа е намерно или без лоша задна намера направено. 🔴 - Ѓаволот се крие во деталите. Испреплетеноста на документите помеѓу себе практично не носи до заклучок дека Протоколот е преточен како билатерален документ преку заклучоците и преку заедничката позиција на ЕУ за политичката Меѓувладина конференција потоа е преточен во генералната ЕУ позиција и преговарачката рамка, што значи дека тоа е еден формиран корпус на билатерални преточени прашања во заедничката позиција на ЕУ. 🔴 - Да, фрустрации има, но политичарите уште повеќе немаат право на фрустрации, бидејќи фрустрациите се поврзани со емоции, а политиката и одлуките кои се носат на политичко ниво мора да бидат одлуки на рацио кои треба да бидат базирани поткрепени со поддршка на нашите стратешки интереси. Наш стратешки интерес е влез во ЕУ и тука не гледам некоја дилема дали треба да се оди на една или на друга страна“, оценува Тилев. 🔴-Барањата на Софија се резултат на преседанот кој е направен со Преспа, односно научена лекција и едно копи карбон однесување да се искористи позицијата која Софија ја има како членка на Унијата преку преговорите за членство во ЕУ да се инсистира односно да се доведе Македонија до ситуација да се согласи на барањата на официјална Софија кои што се барања кои завлегуваат длабоко во правата на самоопределување, на правата на имање на сопствен историски мит за настанување на државата и едноставно за внатрешно владеење и уредување на државата по сите демократски принципи. 🔴 Јас сум реалист којшто реално ги анализира состојбите. ЕУ во моментов не е спремна за проширување. ЕУ токму затоа иго предложи овој пат на интеграции преку реформски агенди, бидејќи не може да го исполни ветувањето дека ќе имаме проширување за 5, 10, 20 години. ЕУ не може да ја постави временската точка кога ќе се случи проширувањето поради што целиот процес не е кредибилен, но затоа обезбеди средства коишто ќе ги потпомогнат реформските процеси во земјите за да оневозможи земјите од Западен Балкан да се откажат од целата иницијатива за членство во ЕУ, вели проф. д-р Марија Ристеска. 🔴- Ако не сакаме да се гушиме во нечист воздух и и постојано да бидеме во смет зависи од нас и тука не ни треба ни членство во ЕУ, ниту пак значителни финансиски средства туку желба да се среди екологијата. Конкретно за сметот Македонија со некои 200 милиони евра може да го реши управувањето со сметот на сличен начин како што е во Словенија или Германија. 200 милиони евра ќе речете дека се многу пари. Ако ги пролонгирате имате фондови дел и грантови, веќе ние како држава имаме аплицирани и добиено одредени грантови од ЕБРД за таа намена но отприлика со тие пари може да имате убаво паметно управување со отпад што значи да има примарна селекција кај граѓаните. 🔴 Вие може да имате граѓани со висока свест и ако гледаат дека ништо не се случува, општината не се труди, полека тие ќе ги изгубат своите еколошки навики барем во дел на отпад и обратно. Ако граѓаните имаат ниска еколошка свест и гледаат дека општината и системот прават нешто сериозно, ги наградуваат тие што добро го менаџираат својот отпад а ги казнуваат тие што не го прават тоа, тогаш полека и свеста кај граѓаните ќе се подигне. Значи тие работи се како врзани садови. Ако се поткачи подобра општинска власт ќе се качи и свеста кај граѓаните и обратно. На крај се се сведува колку ние имаме пари за тоа, бидејќи правилното управување со отпад и генерално екологијата не е бесплатно, вели проф. Ивановски.
Во „Трилинг“ ќе интервјуа со Драган Тилев државен советник за европски прашања, проф. д-р Марија Ристеска директорка на Центарот за истражување и креирање политики и Филип Ивановски извршен директор на „Пакомак“.

„Секогаш треба да се обидете да ја разберете и другата страна. некогаш можеби и нема да ви се допадне тоа што ќе го слушнете меѓутоа треба да разберете зошто е тоа кажано, во кој контекст е тоа кажано. Во случајов (Марта Кос) јас сум убеден дека тоа не е злонамерно, дека не е со некоја задна намера, едноставно се работи за разлика во култури, разлика во перцепција и она што е особено важно и сум го апсолвирал како лекција е дека нема поголем пријател кој ни е неопходен во Европската комисија од комесарот за проширување, бидејќи комесарот, комесарката во случајов се нашите очи, уши и уста во рамките на институциите на Европската унија.
-Наш силен, стратешки интерес е да одржуваме не добри, туку одлични односи со комесарката во случајов, со институциите кои таа ги покрива, со делегацијата на ЕУ, бидејќи кога се разговара на ниво на телата на Советот, кога се разговара во КОЕЛА или во групата за проширување ние не седиме на масата но нас не претставува Европската комисија, делегацијата на ЕУ, комесарката, што значи дека ние мора да градиме одличен однос и да имаме разбирање за работи кои понекогаш можеби треба да ги дообјасниме.
-На нас е да ги објасниме нашите аргументи, стравови, да ги објасниме тие формално, неформално, писмено, усно, во секоја фаза во која можеме тоа да го направиме, на секој форум и на секоја дебата, на секој состанок, за да можеме да обезбедиме разбирање за нашите аргументи и нашето разбирање на крајот на краиштата за тоа што значат за нас идентитетските обележја, до каде се нашите црвени линии, што може да прифатиме, што не може да прифатиме. И тоа треба да биде совршено јасно. И презентирано и елаборирано за да може евентуално во иднина да се избегнат вакви недоразбирања“, изјави во магазинот „Трилинг“, Драган Тилев државен советник за европски прашања во врска со компарацијата на еврокомесарката за проширување Марка Кос на македонскиот идентитет и нашите традиционална кујна и дали тоа е намерно или без лоша задна намера направено.
Тилев смета дека еден од клучните проблеми, ако не и клучен проблем од којшто тргнува целиот тој талас на незадоволство, на фрустрација е Протоколот 2.
„Протоколот 2, некој вели дека тоа е само записник, забележување на одредени позиции во одреден момент, но можеби е тоа така, или од правен аспект би било така доколку Протоколот бидејќи тој е дел односно произлегува од Договорот за добрососедство со Бугарија како обврска од членот 12 каде што се вели дека ќе се формира таа заедничка министерска комисија и дека таа секоја година ќе прави пресек на имплементацијата на самиот Договор и ќе произведува протоколи. Во Протоколот 2 направен е многу детален пресек и Протоколот 2 содржи толку елементи, во него е и содржан и елементот за промена на уставното решение, односно Преамбулата и на два члена во самиот Устав. Во тој момент тој Протоколот кога се пренесува во заклучоците на ЕУ, Протоколот ќе потсетам е потпишан на 17 јули 2022 година, на 18 јули 2022, следниот ден, се донесени заклучоците на ЕУ односно Бугарија го повлекува своето вето, односно противење, заклучоците го поврзуваат Протоколот со самите заклучоци, што значи и со уставните промени. Веднаш оттука имате ланчана реакција. Значи 17 е Протоколот, 18 заклучоци. Во заклучоците се усвоени и генералните позиции каде е вклучена и преговарачката рамка, каде што стои референца на самиот Протокол. Не како Протоколот туку како член 12 и овие записници кои се произведуваат и треба да се произведуваат секоја година според Договорот за добрососедство. Оттука одиме во други два документа кои се исто така исклучително важни – едниот е ЕУ заедничка позиција, значи претходно имавме ЕУ генерална позиција со преговарачка рамка, а ова е ЕУ заедничка позиција за првата политичка Меѓувладина конференција. Можеби за добар дел од гледачите ова е поприлично комплексно бидејќи е испреплетено но ѓаволот се крие во деталите и испреплетеноста на овие документи помеѓу себе практично не носи до заклучок дека Протоколот е преточен како билатерален документ преку заклучоците и преку заедничката позиција на ЕУ за политичката Меѓувладина конференција потоа е преточен во генералната ЕУ позиција и преговарачката рамка, што значи дека тоа е еден формиран корпус на билатерални преточени прашања во заедничката позиција на ЕУ.
-Тука имаме уште еден елемент којшто беше на инсистирање на бугарската страна, а тоа е, бидејќи во делот на фундаменти или темели имаме еден цел корпус на теми, меѓу кои и владеење на правото (поглавје 23 и 24, правосудство и делот на фундаментални права плус делот на безбедност, сигурност, борба против организиран криминал) во тој дел стои дека тоа ќе биде една од одредниците за отворање на кластерот фундаменти. Но што е идејата и на Бугарија, но потоа и прифатена од ЕУ -акциски план за заштита на правата на поединци, припадници на малцинства или заедници. Тој акциски план е составен дел на Патоказот за владеење на право и како составен дел тој подлежи не само како одредница за отворање, туку подлежи и на времени одредници, кои се исклучително тешки, да потсетам само Црна Гора десет години се мачеше со времените одредници, Србија сѐ уште се мачи, значи тоа се сериозни одредници без кои не можете да напредувате понатаму во пристапните преговори, и во тој корпус на времени одредници имате уште еден елемент а тоа е корективни мерки. Тоа значи дека два пати годишно треба да се информира ЕУ и Советот како се имплементира Патоказот за владеење на право заедно со Акцискиот план за заштита на правата на поединци, припадници на малцинства или заедници и врз основа на тоа можни се покренување на корективни мерки или со други зборови суспензија на самите преговори, а во случајот кај нас, според новата Методологија може да направи една земја членка. Значи една земја членка може да иницира постапка на корективни мерки или суспензија доколку не е задоволна од имплементација на Патоказот за владеење на право и Акцискиот план за заштита на правата на поединци, припадници на малцинства или заедници. Ова се се последователни чекори кои се поврзани меѓу себе и кога велиме билатерализација на европскиот процес тоа е билатерализацијата. Од Протокол 2 преку заклучоците внесено во преговарачката рамка, односно во ЕУ генералната позиција во Патоказот за владеење на право поврзано со Акцискиот план за заштита на правата на поединци, припадници на малцинства или заедници, вели Тилев.

„Барањата на Софија се резултат на преседанот кој е направен со Преспа, односно научена лекција и едно копи карбон однесување да се искористи позицијата која Софија ја има како членка на Унијата преку преговорите за членство во ЕУ да се инсистира односно да се доведе Македонија до ситуација да се согласи на барањата на официјална Софија кои што се барања кои завлегуваат длабоко во правата на самоопределување, на правата на имање на сопствен историски мит за настанување на државата и едноставно за внатрешно владеење и уредување на државата по сите демократски принципи. Внесувањето или промената на било кој дел од Уставот но и на внесувањето на било кој дел од народите треба да го рефлектира исто така и демократскиот капацитет и потребите и интересите на граѓаните кои живеат тука. Ние не сме имале притисок од внатре за внесување на Бугарите во Уставот. Знаеме и колкав број имаме, имаме и официјални податоци и тн.
-Отпорот којшто го гледам е исто така и дел од политичката стратегија која сегашната власт ја има, а тоа е дека тие дојдоа на избори со цврст став дека нема да подлегнат на притисоците на официјална Софија, дека ќе изнајдат некое решение кое е креативно, кое ќе ни даде гаранција, нема да не остави во еден недоглед на повлекување од нашите национални интереси“, изјави во магазинот „Трилинг“ проф. д-р Марија Ристеска, директорка на Центарот за истражување и креирање политики, на прашањето како гледа на обидите да се изнајде решение, притоа имајќи го предвид и инсистирањето на бугарските власти да се внесат Бугарите во Преамбулата.
Околу тоа што препознава под инсистирањето на македонската страна да се пронајде креативно решение во релациите Скопје – Софија, Ристеска вели дека во однос на овие прашања нема креативно решение и единствено што смета дека е прифатливо од аспект на реална политика е токму прифаќањето на препознавањето на Бугарите во Уставот и повлекување од страна на Софија да работата во комисиите остане да биде работа на стручњаците и тоа да не се користи како причина за блокирање на процесот на интеграции.

„Ако не сакаме да се гушиме во нечист воздух и и постојано да бидеме во смет зависи од нас и тука не ни треба ни членство во ЕУ, ниту пак значителни финансиски средства туку желба да се среди екологијата. Конкретно за сметот Македонија со некои 200 милиони евра може да го реши управувањето со сметот на сличен начин како што е во Словенија или Германија. 200 милиони евра ќе речете дека се многу пари. Ако ги пролонгирате имате фондови дел и грантови, веќе ние како држава имаме аплицирани и добиено одредени грантови од ЕБРД за таа намена но отприлика со тие пари може да имате убаво паметно управување со отпад што значи да има примарна селекција кај граѓаните. Селектирање на отпадот, да не завршува на диви депонии, да завршува на регуларни депонии кои за жал како држава сѐ уште мора да ги почекаме и да извлекуваме што е можно повеќе материјали и суровини од отпадот што сега завршува на депонии. Суровини што би се рециклирале и повторно би се добиле нови материјали.
-Во делот на загадување со воздухот – доброто управување со отпадот во старт ќе го намали и загадувањето на воздухот. Тука се и други фактори. Во Скопје не е само од греењето, од сообраќајот. Сите се понекаде 20-25% учество во вкупната слика и веројатно треба да се делува на повеќе полиња. Јавниот превоз да речеме е многу важен, бидејќи ако имате добар јавен превоз, ефикасен, брз, чист, граѓаните нема да одат со возила ќе одат со јавен превоз. Како ќе го решите текот на сообраќајот низ Скопје е исто многу важно – што помалку да чекаат возилата на семафор. Треба нови сообраќајници, надвозници, индустријата треба добро да се контролира. Оние што се потенцијални индустриски загадувачи со прашина или со гасови кои загадуваат, така што ако се има желба, политичка волја, пари ќе се најдат и би требало за 5-6 години барем пола да биде подобро од што е сега“, изјави за магазинот „Трилинг“ проф. Филип Ивановски извршен директор на „Пакомак“.
За тоа дали е проблемот во свеста кај граѓаните или пак потфрлаат локалните власти Ивановски смета дека тие две работи се поврзани.
„Вие може да имате граѓани со висока свест и ако гледаат дека ништо не се случува, општината не се труди, полека тие ќе ги изгубат своите еколошки навики барем во дел на отпад и обратно. Ако граѓаните имаат ниска еколошка свест и гледаат дека општината и системот прават нешто сериозно, ги наградуваат тие што добро го менаџираат својот отпад а ги казнуваат тие што не го прават тоа, тогаш полека и свеста кај граѓаните ќе се подигне. Значи тие работи се како врзани садови. Ако се поткачи подобра општинска власт ќе се качи и свеста кај граѓаните и обратно. На крај се се сведува колку ние имаме пари за тоа, бидејќи правилното управување со отпад и генерално екологијата не е бесплатно.
– Циркуларната економија е поскапа од сегашната линеарна економија и тоа некој треба да го плати. ВО Македонија градоначалниците се плашат да ја покачат комуналната такса што ја плаќаат граѓаните зошто пред сѐ ги гледаат како гласачи и гледаат од мандат со мандат. Или имаме некаде општини каде за подигање на смет се наплаќа 150 денари од семејство или куќа. Ќе се сложите дека тоа е прениско да имате управување како во Словенија каде што се плаќа 1200 до 1500 денари по семејство. ВО Град Скопје, погледнете ги вашите сметки, ќе видите дека за одлагање на смет з стан од 70-80 квадрати што е четиричлено семејство 350 денари е таксата за собирање на смет. Е сега за 350 денари вие очекувате и ние како граѓани сакаме да имаме иста чистота и менаџирање со отпадот како во Љубљана каде што плаќаат 1300 денари. Ја не велам дека треба да отидеме одма на 1300 денари но треба да се покачи цената на комуналната услуга во делот на сметот“, вели проф. Филип Ивановски.
Целото издание на магазинот „Трилинг“ со Горазд Чомовски погледнете го во видеото