
(Видео) Трилинг: Игнорантски однос и владини институционални пропусти
Градоначалникот на Кочани Венко Крстевски, Моника Зајкова пратеничката и претседателка на ЛДП и Александар Маршавелски универзитетски професор на Правниот факултет во Загреб беа соговорници во новото издание на магазинот „Трилинг“.
Градоначалникот на Кочани Венко Крстевски, Моника Зајкова пратеничката и претседателка на ЛДП и Александар Маршавелски универзитетски професор на Правниот факултет во Загреб беа соговорници во новото издание на магазинот „Трилинг“.

Кочани во сенка на игноранцијата: Доста беше молк од институциите!
Говорејќи околу прашањето на што се должи обидот за политизација на тагата кај граѓаните од Кочани, Крстевски вели дека факт е дека оваа трагедија одекна не само само во Македонија и регионот туку и во цел свет и нормално е истото да има таков публицитет.
Но според него жално е што има луѓе што се трудат да го искористат тој публицитет за свои лични намери.
„За мене уште пожално е институционалната неангажираност. Институции се тие кои повторно затајуваат. Не само пред несреќата, после несреќата имаме ние многу повредени лица и секојдневно гледаме дека истите не добиваат соодветен третман. Самите тие и ред други луѓе од нашиот град се трудат да го анимираат тој проблем и верувајте дека единствен начин е преку вас медиумите и социјалните мрежи, бидејќи институционално тие дејствуваат само колку што им даваат можностите на самите институции а гледаме дека три месеци после трагедијата институциите не се на задоволително ниво.
колу тоа дека ВМРО-ДПМНЕ обвинува за некрофилија, опозицијата пак за тоа дека власта не испорачува правда, здравство и ги навредува родителите, и дали во оваа политичка мимикрија во која едните со другите си ја префрлаат вината всушност кочанчани се колатералната штета. Крстевски смета дека најпрво ВМРО-ДПМНЕ треба да сфати дека има одговорност. има централна власт има три ипол години во Кочани локална власт.
-Во нивно време се случува оваа трагедија и мора да ги преземат своите надлежности и ингеренции коишто ги имаат како влада и со конкретни мерки и чекори да дејствуваат во Кочани. Доста ни беа тие политички соопштенија и таквите обвинувања. Таквите обвинувања се преостри и несоодветни. Од аспект на СДСМ сакам да кажам дека и тие треба да бидат поконкретни во нивните барања. Еве дадоа предлог во Собрание , но исто така не треба да се отуѓуваат од народот. Значи добредојдени се сите во Кочани и ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Нека дојдат нека разговараат со народот бидејќи сите заедно може да го решиме овој проблем во кој се наоѓаме, не само во Кочани туку во цела држава.
-За жал сметам дека јавноста очекуваше дека после овој немил настан ќе кренеме интензивно во менување на системот, бидејќи системот е тој кој е одговорен за сите немили настани и во минатото. Системот сме сите ние – и ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ и јас и ти, едноставно ние го создаваме системот и за да го смениме тој систем треба да покажеме намера преку конкретни чекори. Од позиција на в.д градоначалник мене тоа ми е примарна цел – да го менувам системот во надлежностите кои ги има општина Кочани, вели Крстевски.

За тоа дали во овој момент има координација помеѓу локалната и централната власт, бидејќи од „Илинденска“ бр. 2 велат дека кабинетот на премиерот е во постојан контакт со родителите, Крстевски вели тој кога станал в.д градоначалник на Кочани првото нешто што го направил е испратил допис до кабинетот на премиерот за состанок.
„За истиот допис не добив конкретен одговор, туку добив неодреден одговор. Со премиерот се сретнавме и на настан пред еден месец кој го организираше Швајцарската амбасада, имавме лично разговор и од негова страна лично ми беше кажано дека ќе бидам контактиран од кабинетот за да го направиме состанокот. За жал сѐ уште немаме состанок. Мене искрено ме загрижува тој игнорантски однос на институциите на владата. Тука посебно сакам да го издвојам игнорантскиот однос на Министерството за финансии. Пред две недели од моја страна беше контактирана министерката. Замислете ние во Кочани во 2025 година имаме готов објект за детска градинка. Тој објект може да биде пуштен уште утре. Истиот е изграден пред повеќе од три ипол години, но поради технички недостатоци, целиот овој период недостатоците се санираа и за очекување беше во секој момент да се пушти. Не знам од кои причини за пари кои се предвидени во буџетот на Министерството за финансии ние немаме добиено согласност од министерката за да успееме да ја ставиме во функција таа градинка. А со ставање во функција на таа градинка ние ќе го решиме проблемот на родителите во општина Кочани, меѓу кои има и повредени лица во несреќата има и лица кои останаа самохрани родители. Листата на чекање е скоро 200 деца. Доколку ја ставиме во функција градинката „Детелинка“ која има капацитет од од 115 легла ние за еден месец можеби ќе ја решиме целата листа на чекање во Кочани. Тоа му треба на Кочани. На Кочани не му требаат некои мегаломански проекти коишто ќе ги очекуваме во некоја далечна иднина. Нас ни требаат конкретни мерки и решенија денес, утре, час поскоро“, смета Крстевски.
Град што тивко вриштеше – Крстевски ги разобличува институциите

Околу изјавите на премиерот каде вели – заедно сме во однос на родителите, на починатите и повредените, а од друга страна овие мирни протести и граѓанското движење го квалификува како политичка партија. Крстевски вели дека не му е јасно што сакал да каже премиерот со тие изјави.
Говорејќи зошто не се одржа средба помеѓу родителите и кабинетот на премиерот, Крстевски вели дека гледајќи го односот не го чуди што не се има одржано таква средба.
„Не знам од кои причини. Вратата на општина Кочани е отворена за премиерот. Јас давам рака за соработка: Мене не ме интересираат партиски калкулации. Мене ме интересира што е можно поскоро да го подобриме амбиентот на живеење во Кочани. Не знам од кои причини премиерот ги игнорира моите повици за средба, бидејќи сметам дека само со заедничка работа ние може да направиме одредени работи. Моментално во оваа точка каде што сега се наоѓа градот Кочани, не се наоѓа ниту една општина или град во целиот регион. Ние како локална самоуправа даваме максимум, но тоа не е доволно да ја смениме целата целата состојба во која се наоѓа општината.
За констатацијата дека е чудно градоначалникот на Кочани да не биде запознае со тоа што владата спрема во неговиот град, Крстевски упатува да се праша Владата.
„И мене ми е чудно, меѓутоа за тоа треба да одговори владата. Јас пројавив интерес но досега слушам само шпекулации. Кажав дека во неколку наврати се потрудив да оствариме средба со премиерот но истата за жал сѐ уште не е реализирана. Овој игнорантски однос не е само спрема мене, тој е и спрема целиот град. Не знам од кои причини, но одговорот треба да го даде самиот премиер, додава Крстевски.
Прашан дали постои ризик гневот, незадоволството, револтот на семејствата на починатите и повредените да ескалира и која е целата на овие неделни мировни протести, како и дали смета дека Обвинителството правилно ја води истрагата во вистинска насока, Крстевски вели дека маршот е мирен и до сега се гледа дека нема никаков инцидент и самото тоа покажува со каква свест и одговорност кочанчани протестираат и бараат правда.
„Јасно е дека јавноста е незадоволна од самиот процес бидејќи сметаше дека истата требаше да се води потранспарентно, незадоволна е и од односот на пратениците затоа што во Собранието кога се случи несреќата имаше пауза наместо работа и ,бидејќи не сум правник, искрено би сакал да ги слушам правните мислења по завршување на истрагата по однос на поднесените обвиненија затоа што и мене не ми е јасно како ќе заврши и како ќе се одвива така голема истрага, вели Крстевски.
В.д градоначалникот на Кочани во „Трилинг“ изјави дека сака да се направи експропријација и да се сруши објектот на кабарето „Пулс“ и да се направи споменик.
„За жал тој немил настан ни отвори многу видици само за тој објект туку на објекти за целиот потег. Ексклузивно ќе кажам дека јас сум првиот градоначалник во историјата на Кочани кој напиша прекршочна пријава за непријавување данок на имот. Ние во тој дел откривме објекти ко не се пријавени и истите немаат соодветна намена за која се користат. Овој настан отвори многу прашања во општина Кочани. Јас се зафатив да ги артикулирам и презентирам на јавноста сите тие прашања, затоа што таа има право да знае се што сп децении е ставано под тепих. Знам дека таа борба е многу тешка, бидејќи самиот тој систем кој е креиран 35 години направил многу фалинки. Станува збор за многу институции. Ние ги занемарувавме одговорностите кај другите институции. Нормално е секој да има различна одговорност, но факт е дека најголема одговорност треба да се бара во МВР. Да бидам искрен, пред да се случи овој настан сметав дека министерот Панче Тошковски добро си ја извршува својата работа, меѓутоа по овој настан се открија сите недостатоци во целиот систем и најмалку што требаше е истиот да си поднесе оставка од морални причини, бидејќи во настанот загина и службено лице од МВР“, смета градоначалникот Крстевски.

Политика без храброст – Зајкова обвинува за страв од отворени листи и реформи
-Она што е за мене разочарувачки, вели Зајкова, е што не се дозволи да се отвори дебата, а за тоа дали се препознава дил помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ по ова прашање, претседателката на ЛДП вели дека сите поголеми партии си ја префрлаат топката.
„Во минатото проблемот беше ДУИ ирационалните прагови кои ги нудеше, па Алијанса со осумте изборни единици, па се бараше политички консензус кој знаеме дека не е неопходен, бидејќи на законот не му треба двотретинско мнозинство и така секогаш е некој изговор“, вели Зајкова.
Говорејќи за претстојните локални избори и дали треба да се очекуваат реални понуди или како и досега ќе се ветуваат брда и долини, мегаломански проекти, а се ќе се сведе на поправање на уличка и тротоар. Зајкова вели дека за жал нашите гадови и села сѐ уште, ако тргнете по помалите општини, немаат ни основна инфраструктура. Немаат пробиени улици, немаат завршено канализациони мрежи, немаме болници.
„Ние може да зборуваме за тротоарчиња и за чешми кога основните потреби ќе ги имаме завршено односно задоволено основните потреби на луѓето. Нас сѐ уште да ни умираат луѓето од енормно загадување, односно од карциноми, да немаат јавен превоз, болници е недозволиво“, вели Зајкова.
Дивоградби, корупција, молк – Зајкова со остри критики за системскиот распад
Околу дивоградбите и податокот дека нив ги има над 200.000, Зајкова вели дека тие не се нешто што не го знаеме, туку се очигледни работи но сега излегоа од фиока или по јавно се обелоденија.
„Ние како да не сакаме да учиме од се што ни е се случува. Ни се случија куп трагедии и упорно продолжуваме со истите нешта. Овие работи се очигледни, секој од нас ги гледал и коментирал, но никој ништо не преземаше. Се надевам дека овој пат институциите ќе преземат одредени дејствија. Јас не знам зошто се толерира а не се санкционира, но се надевам дека се преземат одредени дејствија за да не сведочиме на нови трагедии. Некои од тие згради кои не подлежеле на контрола на надзор може да бидат утре висок ризик за луѓето кои живеат во нив. Не дај Боже да сведочиме на уште еден пожар како во шупата наречена дискотека во Кочани или рушење на зграда при помал земјотрес. Тогаш џабе се казни и санкционирање кога човечките животи нема да можеме да ги вратиме. Затоа подобро е да превенираме отколку да лечиме штети“, смета Зајкова.
Кочани е опомена – трагедијата ја разоткри целата неказнета државна негрижа
Говорејќи за тоа колку кочанската трагедија ќе ја руинира самобендисаноста на ВМРО-ДПМНЕ, Зајкова вели дека она што се случи во Кочани е голема трагедија за цело општество.
„Можам само да изразам сочувство а не сакам ни да замислам колкава е болката на луѓето што ја носат. Можам да сочувствувам бидејќи имав блиски познаници кои беа погодени од трагедијата. ЛДП во ниту еден момент не ја политизираше оваа трагедија и не сакам да се политизира. Не сакам да зборам за тоа што ќе донесе за една или за друга партија бидејќи мене ми е мачно да се политизираат трагедија, а верувам дека и на граѓаните им е исто. Она што преферирам е да говориме како на градот да му се помогне да излезе од траумата иако тоа е неизлечлива болка, но и како да се одговара за она што се случи“, вели Зајкова.

Околу обидите за деблокада на проблемот помеѓу Македонија и Бугарија и преписките на релација Скопје – Софија. Зајкова вели дека интензивни разговори и интензивна работа можат да придонесат единствено до подобар резултат.
„Јас не сакам да ги коментирам изјавите на политичарите во Бугарија бидејќи тие си имаат свој национален наратив. Повеќе сакам ние тука да направиме јасен план и системска стратегија како ние сите заедно да помогнеме да се придвижиме и дај а исполниме целта – Европска Унија. Мене на крајот на денот воопшто не ми е важно што Бугарија збори, важно ми е ние како се преставиме во Европа и како ќе ги убедиме дека навистина со правењето на тешки одлуки, со правењето на реформи, Македонија заслужува да биде таму и конечно да го заземе своето место на масата во ЕУ: Преферирам да сум еднаква со европските граѓани а не да се натпреварувам како ќе ме доживуваат соседите, односно во конкретниот случај Бугарија. Со сите треба да градиме добри односи, но тие ако не сакаат некако да не прифатат мене ми е важно е важно како ние се прифаќаме, како ние се претставуваме и дали другите во Европа го прифаќаат тоа. Видовме дека Европа нема проблем никаков со Македонија. Има позитивни намери во процесот на проширување. Последните амандмани кои се однесуваа на извештајот, можам да говорам за либералите, односно нашата група која што ја предводи Дан Барна како репортер во сенка, дека достави амандмани на кои зад нив, а тоа се однесува на потврда на македонскиот јазик, култура, посебност. Тоа впрочем либералите го правеле секогаш“, вели Зајкова.
На прашањето дали лично смета дека македонскиот идентитет е загрозен, Зајкова смета дека се додека секој од нас го говори македонскиот јазик, ги учи своите деца да го говорат македонскиот јазик, јазикот секогаш ќе живее.
„Како јазик и правопис секако дека ќе живее се додека има кој да го говори“, додава Зајкова.
Зајкова: Наместо ЕУ грантови, не задолжуваат – а болници сѐ уште нема
Околу Договорот со Обединетото кралство „тежок“ шест милијарди евра и дали може да сметаме дека со овие средства економијата ќе може да заздрави, да се стабилизира и да дојде до закрепнување или ќе продолжиме да тонеме во должничко ропство, лидерката на ЛДП вели дека пред сѐ повеќе би посакала да бевме членка на ЕУ. Наместо шест милијарди евра кредит подобро ќе беше да имаме шест милијарди евра грантови, односно подарок пари за да реализираме проекти.

„Не може само бројката од решение предмети да биде показател за ефикасноста на системот, бидејќи мора да се гледа и квалитетот. Во Хрватска имавме некои судови кои во неколку години постигнаа голема ефикасност. Се сеќавам дека Управниот суд на Република Хрватска имаше едно време преку 30.000 предмети заостанати и за четири години тој број се намали на само две илјади. Тука тие предмети навистина се затворија но проблемот беше што правдата не беше квалитетна. Образложенијата на тие пресуди беа шаблонски. Однапред беа одредени образложенијата за одредени предмети и фактички само се менуваа имињата на странките. Записникот се препишуваше и тоа стануваше пресуда. Тоа не е добро“, изјави во магазинот „Трилинг“ универзитетскиот професор од Правниот Факултет во Загреб Александар Маршавелски. компарирајќи ги искуствата во македонското и хрватското правосудство, како и за тоа како Хрватска ги спроведе овие реформи.
Хрватска постигна ефикасност, но не и квалитет – Маршавелски за реформите во правосудството
-Хрватскиот судски систем стана поефикасен пред сѐ заради дигитализацијата. Сега имаме електронски систем за водење на предметите и полесно се прати истите. Не може сега да седи во некоја фиока и да не се знае што се случува. Доколку некој предмет седи тоа се гледа во системот и претседателот на судот реагира. Навистина постигнавме едно добро ниво на ефикасност но квалитетот не е подобрен. И Хрватска уште треба да работи тие пресуди да бидат поквалитетни за граѓаните да веруваат дека правдата е постигната со пресудите“, додаде Маршавелски.
Маршавелски: Револуцијата во правосудството не е решение, потребна е континуирана едукацијa
Говорејќи за ситуацијата во Македонија, Александар Маршавелски смета дека е голем ризик да се оди во некои драматични реформи, да се прават „чистки“.
„Такво искуство Хрватска имаше во деведесеттите години и тоа беше многу лошо затоа што во еден период се вработија голем број на луѓе, а немаше толку голем број на квалитетни кадри за да бидат судии. Значи не може со една радикална реформа нешто да се поправи. Според мене важно е да се обезбедат добри услови за работа на судиите, важно е сите судии да имаат редовни едукации бидејќи постојно законите се менуваат и тие закони да не се тестираат веднаш на луѓето, туку важно е кога се менува некој закон да се направат пилот проекти да се види како истиот може да се примени во тест фаза, а потоа и во реалност. Така ќе имаме и зголемување на довербата кај граѓаните. Од друга страна разбирливо е системот да биде и поефикасен и тука е клучна дигитализацијата. Важно е да имаме еден квалитетен електронски систем за водење на предметите“, вели Маршавелски.
Околу направените измени во Кривичниот законик со кои дел од предметите на СЈО застареа, дел од казните беа намалени, Маршавелски вели дека е срамно тоа што се случи со намалувањето и застарувањето на казните поврзани со корупција.
„Јас тоа го гледав од Хрватска и мене ми беше неверојатно граѓаните кои протестираа кога „бомбите“ беа објавени и кои успеаја да ја сменат таа власт на Груевски и да се покренат тие постапки против него и другите инволвирани во тие афери сега истите тие граѓани немоќно да гледаат како Кривичниот закон се менува. Мое мислење е дека и тогаш тие требаше да излезат на улица. Еве гледате во Србија што се случува со студентите. Мислам дека младите луѓе, особено студентите мора да видат дека имаат моќ нешто да сменат“, вели Маршавелски.
Целото издание на магазинот „Трилинг“ со Горазд Чомовски погледнете го во видеото.