ОБСЕ во Скопје некомплетен, со Лавров, но без Украина и руските соседи, дипломатите не дојдоа на премиерата во Драмски на „Пикник на фронтот“.
Почнаа првите тестови за идната влада, со ДУИ или без Ахмети?
Зошто Мицкоски и Курти го поздравуваат заминувањето на интегративците?
Словенците дојдоа по македонски работници, и нивните се иселуваат.
Режисерот Андреј Цветановски, универзитетскиот професор Сефер Тахири и Владо Димовски – професор на Универзитетот во Љубљана се дел од вечерашното издание на Трилинг.
На следните избори ќе имаме две крупни политички коалиции кои ќе настапуваат под речиси исто име. Од една страна е владиниот фронт за Европа предводен од ДУИ во кој најверојатно ќе биде партијата на поранешниот министер за земјоделие, господинот Хоџа и партијата на независниот пратеник Скендер Реџепи. Можно е да се вклучи и ДПА, а така ќе имаме еден поширок фронт на политички партии кои ќе настапуваат на изборите, вели Тахири.
Аналитичарот потоа зборува за останатиот фронт кој ќе се спротивстави на владиниот.
Од друга страна блокот којшто го предводат опозициските партии под името Европско движење за промени составен од БЕСА, Алтернатива и Демократско Движење ќе биде сериозен конкурент на ДУИ. Алијанса на Албанците заради учеството во власта ќе настапува сама на изборите бидејќи таа партија се одлучи да биде дел од власта во тежок момент за државата. Дали беше добро тоа – можеби, но така тие изгубија многу кај својот партиски електорат кој е опозициски расположение бидејќи дел од него е електорат на твдрата демократска партија на Албанците, додава Тахири.
Според него најголемиот натпревар ќе биде меѓу ДУИ и поранешните членови на ДУИ.
Околу задолжувањето на Македонија, нашиот втор гостин, Димовски повикувајќи се на своето искуство кога работел како совентник на Зоран Заев вели дека бројките во статистиката не се реални кај нас. Тој вели дека тоа се должи на многуте црни пари и сивата економија во Македонија.
Многу се работи на црно. Многу од активиностите во црната економија, во сивата зона ги нема. Таму има многу активности, а тие не се зафатени со бројките на статистиката. Има многу производство во сивата зона, а таму нема фискални сметки. Мора да се работи на формалниот дел за да имаме вистински бројки. Сите одлуки мора да се базираат на некакви бројки, вели Димовски.