„Секоја традиција која што ние ја поврзуваме со празникот или со христијанството треба да извира суштински и да зрачи со христијанство. Овие обичаи кои за жал и тоа може да го провериме во таа свештена историја на црквата и во свештената историја на верата, не биле такви до пред некое време. Но со нагласувањето на некои нешта, особено на конзумеризмот овие обичаи стануваат се само не израз на духовното, туку повеќе го мотивираат сетилното и телесното. Како такви тие не можат да бидат комплементарни со духот на верата, смета Отец Бобан.
За моралната декаденција во општеството и колку таа се одразува во верата, Отец Бобан вели дека тоа постои и е присутно.
„Отуѓувањето од верата или од преданиската вера, односно отугувањето од верата и од Бога наметнува и морална декаденција во општеството и мислам дека не сме слепи за да забележиме дека тоа се случува. Неетичноста се пресликува и во црковниот живот и тоа нешто на коешто мора да работиме. Ние луѓето грешиме и паѓаме во грев но тоа не е опасноста, опасноста е ако останеме таму. Моралот е она што му недостига на современиот човек. Православието може да му го понуди одговорот на човештвото, затоа што тоа го црпиме од Евангелието – Христос е ист и вчера и денес и во веки, значи Христос е одговор на нашите постојани прашања, предизвици итн.“, вели Отец Бобан.
Говорејќи околу инцидентите и случувањата во државата и стравот дека тоа може да се наметне и во црквите и во џамиите, синагогите, Отец Бобан вели дека е тука линијата е многу опасна. Нашата одговорност е особено одговорна. Постои Совет на верските лидери којшто функционира или се активира токму во специфични моменти коишто можат да предизвикаат и да преминат не дај Боже и во меѓурелигиски конфликт.
„Меѓунационалниот конфликт политичарите ќе се трудат да го менаџираат, но мислам дека најголемата опасност за нашиот контекст во којшто живееме е меѓурелигискиот конфликт и тука ние навистина мора да бидеме на висината на задачата. До сега тој религиски Совет функционира, таму учествуваат поглаварите на сите верски заедници застапени во Уставот на Македонија“, потенцира Отец Бобан.
За односите на МПЦ – ОА со Цариградската патријаршија и дали се заладуваат односите под диктат од Москва, Отец Бобан вели дека односи постојат и тие не се прекинати.
„Нашите Владици никогаш не го заборавија моментот дека дијалогот и разговорот е суштински и дека нашата црковна вистина тие постојано ја претставуваа барајќи дијалог со сите сестрински цркви. Мислам дека никој не би си го дозволил тој луксуз да го прекине тој дијалог до конечното решение на нашето црковно прашање, односно добивањето на Томосот. Аманетот за автокефалност, самостојност и самоодлучност никој нема да го наруши“, потенцира Отец Бобан.
„Добро е што идејата е „Чебрен“ да биде државен, македонски проект. Добро е што се отстапи од идејата на претходната Влада „Чебрен“ да се даде на соседна Грција, односно што се прават напори „Чебрен“ да се финансира со наши пари колку што е можно и ако нешто недостасува да се вклучат некои партнери“, вели за „Трилинг“, проф. Атанаско Тунески.
Околу тоа колку долго овој проект би се градел и колку би не чинел, проф. Тунески вели дека поранеидеја била дека „Чебрен“ ќе чини околу милијарда евра.
„Ние тогаш го критикувавме тоа. Велевме дека така голем „Чебрен“ не треба да се гради, дека толку висока брана од 192 метри не е потребно да има, дека нема толку вода во тоа подрачје, дека „Чебрен“ од 300 mw е преголем, но пресметките ќе покажат дали е тоа така или не. Оптимален „Чебрен“ не би ме изненадило да чини околу 600-700 милиони евра, со оглед дека „Чебрен“ би се градел десетина години, тогаш Македонија би требало да издвојува помалку од 100 милиони евра за во десет годишен период го изгради „Чебрен“.
Во однос на тоа дали всушност РЕК Битола стана непресушен извор за криминал и корупција, проф. Тунески вели дека до сега никој не порекнал дека тоа е така.
„Факт е дека големи пари се трошат на тој јаглен и факт е дека да купеше РЕК Битола своја сопствена механизација и од сопствени сили да го копаше јагленот многукратно ќе беше поисплатливо. Вака повеќе пари се дадоа на фирми надвор од РЕК Битола да го ископуваат јагленот. За да се спречи евентуален криминал треба да се почне со казни. Не може со апелирање, со добра волја и со добар збор да се влијае луѓето да не го прават тоа. Треба да се казни некој и казната ќе влијае наредниот да не го прави тоа. Значи само казната е решение“, вели проф. Тунески.
Најновото издание на магазинот „Трилинг“ со Горазд Чомовски, каде гостуваа наставникот по Етика на Богословскиот факултет, докторантот Отец Бобан Митевски и екс директорот на МЕПСО професорот Атанаско Тунески, погледнете го во видеото.