За инертноста што се појавува во работата на Судскиот совет, па и на Советот на јавни обвинители, универзитетската професорка Александра Деановска Трендафилова вели „дали би било фер да бараме колективна одговорност наспротив иднивудуална ако тоа во моментот не било предвидено во законот. Во системот некогаш е потребно мал број на луѓе кои неетички ќе постапуваат, ама се на места, позиции од кои можеби имаат влијание. 70% од изречените санкции се алтернативни мерки, а 99% од изречените алтернативни мерки се условни осуди“.
Поранешниот амбасадор во ЕУ, Андреј Лепавцов за тоа зошто има потреба од барање гаранции дека по уставните промени нема да уследат нови барања од официјална Собија, ќе рече „НАТО на големата мултиполарност во светот одговара со уште поголемо засилување на неговата моќ. ЕУ има лидерска криза која се одразува на немањето одлуку, пред се за проширувањето. Нас ни требаат одлуки како ќе биде и кога ќе биде асоцирањето“.
Сите атакуваат врз македонското изворно творештво, најмногу соседите, тврди пејачката Андријана Јаневска во вечерашното издание на Трилинг.
Таа вели „можам да живеам за музиката и од музиката, мојот живот е музика, ништо друго не работам.
Погледнете го најновото издание на Трилинг со Горазд Чомовски: