
(Видео) Трилинг: Дали сме толку сиромашни или сме неработници?
Соговорници во новото издание на магазинот „Трилинг“ се првиот човек на ССМ, Слободан Трендафилов, проф. д-р Здравко Савески од Институтот за општествени и хуманистички науки и Александар Нацев, експерт по безбедност.
– Политичката гола битка е на политичарите и ја оставаме таму, немаме намера да се пресметуваме со нив. Но, работничката борба за зголемување на работничките плати е чиста работничка борба и секој кој се обидува да ја исполитизира ќе наиде на отпор.
Ние и подаваме рака на Владата, таа да, заедно со Сојузот на синдикатите на Македонија, одлучи да се зголеми минималната плата онолку колку што бараат работниците, а на тоа работодавачите да си ги плаќаат придонесите за задолжително социјално осигурување вели првиот човек на ССМ, Слободан Трендафилов.
– Треба да се големат платите согласно профитот на газдите. Газдите кај нас земаат енормни плати.
-Македонските владејачи се секогаш ориентираат на страната на посилниот. Тука не е важен било каков морал, било каков принцип.
-Во Македонија во моментов имаме високо ниво на национализам маскиран како патриотизам. Многу ефтино е некој националст да кажува за себе дека е патриот а притоа да мрази сопствени земјаци, вели проф. д-р Здравко Савески од Институтот за општествени и хуманистички науки.
-Ова цврсто газење на американската дипломатија мислам дека нема да застане тука. Мислам дека тој договор за минерали ќе биде потпишан.
– Мислам дека Европа не може да се занемари во толкава мера да нема никаков глас во тој светски поредок, смета Александар Нацев, експерт по безбедност.
Соговорници во новото издание на магазинот „Трилинг“ се првиот човек на ССМ, Слободан Трендафилов, проф. д-р Здравко Савески од Институтот за општествени и хуманистички науки и Александар Нацев, експерт по безбедност.
Гледајте го новото издание на магазинот „Трилинг“ со Горазд Чомовски вечерва во 20.45ч на ТВ24, на youtube каналот Трилинг, како и на порталот triling.mk