Дали резолуцијата во Бундестагот ќе ја забрза постапка за уставните промени? Oва е главната тема на разговор за вечерашното издание на Трилинг каде одново имавме гости кои изнесоа многу ексклузивни информации.
Во вечерашната емисија на Трилинг гостуваат: Петра Дрекслер – Амбасадорка на Германија во Северна Македонија, Еленко Миланов – адвокат, Фики Гаспар – Претседател на Асоцијација на пациентите со цистична фиброза и Милена Трајановска – Најуспешен дипломиран инженер.
Во продолжение може да ја изгледате целата емисија:
Вечерва на прашањето „Дали резолуцијата во Бундестагот ќе ја забрза постапката за уставните промени?“ разговаравме со германската амбасадорка Петра Дрекслер. За внесувањето на бугарското малцинство во преамбулата на Уставот зборуваше амбасадорката и заклучи дека нови услови нема да бидат поставени кон Северна Македонија.
Вклучувањето на бугарското малцинство во Преамбулата на уставот е дел од преговарачката рамка, што Северна Македонија ја склучи со 27 земји-членки на Европската Унија. Така што овој чекор во преговарачката рамка е одреден и самата преговарачка рамка е утврдена. Тоа значи дека надвор од оваа преговарачка рамка не може да има нови услови, и дека следниот чекор служи за отворање на пристапни преговори и е многу јасно дефиниран, вели германската амбасадорка.
Не ја пропуштајте оваа емисија во која има многу ексклузивни информации од нашите гости.