Жешките политички прашања одново ги дискутираме во „Трилинг“.
Во нашата емисија вечерва гостуваат Крсте Роџевски – невропсихијатар и музичар, Бујар Османи – министер за надворешни работи и потпретседател на ДУИ и Никола Тодоров кој е поранешен министер на ВМРО-ДПМНЕ и шеф на изборен штаб.
Вечерва дискутиравме за прашањето за Уставните измени, изборни резултати, указ на законот за игри на среќа, предизборни калкулации, руското влијание во Македонија и останати тековни теми.
https://www.youtube.com/watch?v=Lz5T6H1kdVg
Откако претседателот на државата, Стево Пендаровски не го потпиша указот за Законот за игри на среќа се вжешти тензијата на релација Пендаровски – ДУИ.
На оваа тема разговаравме со Бујар Османи, потпретседател на ДУИ и министер за надворешни работи. Емисијата во која ни гостува Османи ќе се емитува утревечер.
Неповрзани се тие две работи. Овој закон беше важен бидејќи беше предизборно ветување на ДУИ. ДУИ вети дека обложувалниците ќе ги тргне од централните градски подрачја односно од важни објекти како школите и верските објекти. Затоа инсистиравме на тој закон да бидат оддалечени по 500 метри. Здруженијата кои се борат на ова и кои велат дека „заради европското знаменце не се потпишува“, но ова е малку дискутабилно, вели Османи.
Тој има дилеми за Пендаровски зошто не го потпишал указот.
Голем притисок правеа здруженијата за игри на среќа и сега не е јасно зошто не е донесена одлука. Дали е поради притисок на здруженијата за игри на среќа или заради европското знаменце, прашува Османи.