
Вечерашното издание на Трилинг одново ги направи актуелни жешките политички прашања како: Уставни измени, правосудство, тековните случки во судскиот совет, американската црна листа и слично.
Во ова издание повторно имавме интересни гости. Вицепремиерот Бојан Маричиќ, професорот од Правниот факултет Горан Коевски кој е претседател на Здружението на правниници, претседателката на Хелсиншки комитет Уранија Пировска и Дарко Аврамовски од „Коалиција за правично судење“.
Многу ексклузивни информации и гости кои секогаш знаат да приредат интересна содржина. Не пропуштајте!