Потрошувачката кошничка се зголемува, платите многу минимално растат. Од друга страна има незадоволство кај граѓаните. Како ќе се сервисираат долговите?
И новата владејачка гарнитура продолжува со трендот на задолжување. Инфлацијата и натаму висока иако е едноцифрена.
Слободан Трендафилов, Претседателот на ССМ за ребалансот на буџетот и дали работниците можат да бидат задоволни по она што го најавува владата, вели дека „работниците не се задоволни, туку се разочарани“.
– Не треба политиларите да очекуваат нешто од работниците, туку е обратно. Патем затоа тие даваат или одземаат мандат. Изненадени сме од тоа што во ребалансот на буџетот не гледаме пари за зголемување на платите, не гледаме пари ниту за останатите придобивки кои со колективните договри беа утврдени и беа потпишани. Изненадени се работниците и од причината што најавено е, и Владата донела заклучок да не се потпишуваат колективни договори, да не се зголемуваат платите на работниците во наредниот период и загрижува фактот што владата гледа на платите и на колективните договори како да се најголемиот проблем во креирањето на ребалансот на буџетот. Сметаме дека тоа е сериозен проблем за работниците. Сите знаеме на каков начин работничкото незадоволство ќе се одразува во наредниот период. Ние како ССМ сметаме дека пари има за се, само не се правилно распоредени, тоа го видовме и од претходните влади, го гледаме и од сегашната. Од нигде никаде се најдоа стотина милиони евра за општините, за ветувањата кои тие ги имаа во кампањата за поддршка на локалните амоуправи, а од друга страна, не можете да најдете некои 5,5 милиони евра, прмиер, само за зголемување на платите во здравството и да не предвидите, имајќи во предвид дека здравствениот кадар ни се одлева од државата и давате насоки на вработените во здравството само да си купат авионски билет во еден правец, вели првиот човек на Сојузот на синдикатите на Македонија.
Што ќе значи ова незадоволство од страна на работниците, бидејќи сметате дека во буџетот има пари, но лошо се распоредуваат?
– Незадовлството е од неколку причини. Видовме 78 отсто зголемени функционерски плати продолжуваат да се исплаќаат иако дискусиите во предизборието, и пред тоа, беа во друга конотација. И кога работниците гледаат дека еден функционер има плата од 2.000 евра, а еден работник прима плата од 22.500 денари, и истиот функционер му вели дека нема пари за зголемување на минимлната плата во првите 100 дена, па ни до крајот на годината, ги разочарувате работниците. Во таков случај, покажавме како ССМ, организиравме 36 протести само од почетокот на годината до 1.мај. Покажавме и дека нема да бидеме имуни на лошите политики, без оглед кој е на власт. На први мај не ни знаевме кој ќе биде на власт кога ги упативме клучните барања, порача Трендафилов.