(Видео) Трајко Велјаноски за „Трилинг“: Оваа Пржинска влада е спротивна на Уставот

Трајко Велјаноски, поранешниот собраниски спикер се противи „Пржинската влада“, а според него ваквата влада била резултат на други околности.

Пржинската влада е хибридно решение кое е направено во други околности и за други цели. Тоа беше за влада која некои ја викаат техничка, а таа е чисто Пржинска влада. Тогаш, се формираа три Пржински влади пред да бидат изборите во 2016-та. Оваа Пржинска влада е спротивна на Уставот и законот на организација на органите на државната управа, вели Велјаноски.

За Денко Малески и неговиот став околу техничката влада, Трајко одби да даде коментар, но го образложи своето мислење како треба да изгледа политичката сцена во Македонија.

Јас сметам дека треба да се има политичка влада и да си ги спроведе избори. Треба да имаме демократска култура на признавање на резултатите, потенцира Велјаноски.

Целото интервју погледнете го во продолжение: