(Видео) Трајковски: Плативме голема цена за влез во НАТО, дали ќе правиме уставни измени веќе немаме избор

„Изборите се многу важни и секој треба да направи напори да поминат на цивилизиран начин. Левица исфрлија кандидат кој е интелектуалец, но дали ќе одиме со Европа или со НАТО? Дали ќе правиме уставни измени или не? Во тој поглед мислам дека немаме избор. Голема цена плативме за НАТО“, вели универзитетскиот професор и социолог Ило Трајковски во „Трилинг“.

Институциите ја губат својата смисла, функција и резон за постоење. Доколку нема институции кои се уставно и законски поставени да уредуваат односи меѓу луѓето, ако ги нема прашањето е дали воопшто може да зборуваме за општество, заедништво или е просто некаков конглометар, некаква збирштина на парцијални групи со свои интереси каде секој тера по свое, започнува гостинот.

Тој додава дека имаме какви-такви институции, но сепак вели дека може и подобро. Ова прашање се должи на актуелниот проблем со личните документи кои се уште се главна тема во македонскиот етер.

Поларизираноста според него води кон нелагодност.

Поларизараноста води кон нелагодност. Да не можете да се почувствувате слободно кога ќе излезете во град, да не гледате прљавштина на секој чекор, кучиња од кои има ризик дека ќе ве укасаат. Зборувам критично затоа што чувствувам што се случува овде. Сепак има и нешто што не одржува овде. На последниот извештај на Економист за индексот на демократија секаде има пад со исклучок на Грција која има мал подем и Словенија. Секаде има паѓање. Кај нас тие процеси драматично се влошуваат, веројатно од веќе познати причини.

За новата книга на Петар Гошев професорот вели дека манипулацијата е на високо ниво овде.

Нам ни се поместени критериумите што е нормално. Лагата оди паралелно со една холивудска филозофија на живот за себепромоција без многу тангирање на јавен интерес и јавно добро, вели професорот Трајковски.

Социологот на прашање зошто сме некадарни вели дека не може да дојде во комплетно распаѓање на државата.

Цената која ја плативме за влез во НАТО е наша цена која се валоризира дека стануваме дел од таа структура. Глобалните интереси се помоќни од нашите, вели тој.

За Чебрен тој дава краток одговор.

Зошто пропадна Чебрен? Зошто не е реализиран толку децении наназад? Зошто Македонија со децении не успеала да донесе гасовод? Политичките теми ги блокираат тие теми, така и ова. Инвестициите кои ги имаме, а се капитални доаѓаат од Турција или од соседните земји. Кои се нашите инвестиции таму? Чебрен беше донесен набрзина и кога се спремаме за избори. Зошто толку се брзаше?, прашува професорот.

Тој се надоврзува за сумата на проектот.

Ако државата дава 50 милиони, ако тоа може да го напрви и сама, прашува тој напоменувајќи дека не е експерт.

Според гостинот граѓаните се свесни дека запирањето на евроинтеграцијата ќе има последици.

Изборите се многу важни и секој треба да направи напори да поминат на цивилизиран начин.

Левица исфрлија кандидат кој е интелектуалец, но дали ќе одиме со Европа или со НАТО? Дали ќе правиме уставни измени или не? Во тој поглед мислам дека немаме избор. Голема цена плативме за НАТО.

Погледнете го целото интервју.