
(ВИДЕО) Трамп: Путин ме разочара, навистина ме разочара
Трамп повтори дека неговата цел е да ја запре руската инвазија врз Украина, признавајќи притоа дека на почетокот мислел дека тоа ќе оди „најлесно“ благодарение на неговиот однос со Владимир Путин. „Но, тој ме разочара. Навистина ме разочара“, рече Трамп.
Американскиот претседател Доналд Трамп, на вториот ден од неговата државна посета на Велика Британија, со својот домаќин, британскиот премиер, Кир Стармер, одржа заедничка прес-конференција на која двајцата лидери оценија дека двете земји „минаа долг пат“ во своите специјални односи и дека сега ги обновија за новата ера.
За време на билатералните разговори Трамп и Стармер денеска потпишаа договор за технолошки инвестиции, што предвидува повеќе десетици милијарди долари инвестиции на двете страни од Атлантикот .
Стармер на почетокот изјави дека во текот на разговарите биле отворени прашањата за зајакнување на одбраната, дополнителната поддршка за Украина и „решително зголемување на притисокот врз Путин да се согласи на мировен договор што ќе трае“.
Трамп повтори дека неговата цел е да ја запре руската инвазија врз Украина, признавајќи притоа дека на почетокот мислел дека тоа ќе оди „најлесно“ благодарение на неговиот однос со Владимир Путин.
„Но, тој ме разочара. Навистина ме разочара“, рече Трамп.
[Q]: You say Putin has let you down. Was it a mistake to invite him to Alaska? Do you regret it?
President Trump: No.
[Q]: And is it time to squeeze him, sir, and scare him, and impose sanctions?
Trump: Yeah [nods]. pic.twitter.com/YMJ7h1NdNY
— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) September 18, 2025
Потоа тој рече дека ќе „види како сето тоа ќе се развива“ и додаде дека верува дека ќе се постигне договор меѓу Русија и Украина, иако „никогаш не се знае во војна“.
„Се случуваат работи што се сосема спротивни од она што го мислите, мислевте дека ќе биде лесно или тешко, а се покажува обратно“, рече Трамп.
Запрашан дали е време да се изврши притисок врз Путин за тој да се исплаши, американскиот претседател кусо возврати „Да“.