(Видео) Том Круз ќе изведе тежок трик на церемонијата на затворање на Олимпијадата во Париз
Се очекува холивудската ѕвезда Том Круз да настапи на Олимписките игри во 2024 година во Париз, поточно на нивното затворање, изведувајќи многу комплексен трик, пренесува ТМЗ.
Иако 62-годишниот актер е веќе во француската престолнина и го бодри тимот на САД, изворите на ТМЗ тврдат дека Круз всушност е таму за да работи на строго таен проект.
Круз со месеци се подготвува да изведе трик со падобран за време на церемонијата на затворање на Олимпијадата 2024 година во Париз кое ќе се случи на 11 август.
За големото финале, ѕвездата на „Невозможна мисија“ наводно, ќе мора да работи напорно за да ги „заслужи“ правата за домаќин на Олимпијадата во 2028 година на следниот град: Лос Анџелес.
Планот за претстојната церемонија на затворање предвидува Том да се спушти од врвот на Стад де Франс, да слета на теренот на стадионот и да го носи официјалното олимписко знаме.
Телевизискиот пренос на Олимпијадата потоа ќе престане, односно и ќе се пренасочи на претходно снимено видео: првите две минути ќе го покажат Том како патува со авион со олимпиското знаме од Франција до Лос Анџелес, каде што скока со падобран и слетува на знакот Холивуд.
На крајот од видеото, филмската ѕвезда ќе биде прикажана како им го предава знамето на други олимпијци – вклучувајќи велосипедист, скејтбордер и одбојкар, иако имињата на овие спортисти се уште не се познати.
Најверојатно, снимањето се случило уште во март, но тогаш никој немал ни најмала идеја дека тоа е поврзано со Олимпијадата.
Considering that Tom Cruise spends the entire week at the studio from morning to evening, I understand that the rumors about a trailer at the closing ceremony may be true. These guys are definitely preparing a teaser. Or at least the film is being edited again. #TomCruise https://t.co/6iVRhI3rNE pic.twitter.com/Mo1zhEFV0M
— Tom Cruise • fan account (@tomcruisse62) August 1, 2024