(Видео) Тијана меѓу фаворитите за српска претставничка на Евровизија

На You tube каналот на српската национална телевизија објавени се нумерите кои ќе конкурираат да бидат претставник на Србија на овогодинешниот Евросонг.

Јавниот сервис на Србија направи избор на композиции кои ќе се натпреваруваат на фестивалот кој годинава ќе се одржи во Ливерпул, Англија, во месец мај.

Гледачите ќе имаат можност да ги проследат полуфиналните натпревари на фестивалот на 1 и 2 март, додека големото финале ќе се одржи на 4 март.

Во фестивалската конкуренција ќе има 32 композиции, меѓу кои и песна која ја изведува Македонката Тијана Дапчевиќ.

Нејзината нумера е насловена „Мамим“: