(Видео) Тајсон го удри инфлуенсерот, познатиот боксер направи хаос пред „мечот на векот“
Мајк Тајсон и Џејк Пол се судрија за да ја промовираат својата контроверзна боксерска борба закажана за во ноември годинава.
На промоцијата на мечот Тајсон го турна ривалот.
Познатиот боксер, кој е одамна во пензија, и ѕвездата на Јутјуб требаше да се борат минатиот месец. Сепак, Тајсон побарал одложување бидејќи имал здравствени проблеми.
Тајсон, кој има 58 години, од самиот почеток го провоцира својот 30 години помлад ривал.
– Имаме Јутјубер кој се бори со најголемиот борец кој некогаш живеел. Можеби беше во рингот со луѓе со слична сила, но во реалноста не беше. Штом ќе го фати овој тип, ќе биде готово, ќе почне да трча – изјави Тајсон.
Mike Tyson just put hands on Jake Paul 😯 pic.twitter.com/4ZEeViE8WA
— Happy Punch (@HappyPunch) August 18, 2024