(Видео) Тајм-аутот на Обрадовиќ, хит на социјалните мрежи

Кошаркарскиот клуб Партизан го забележа првиот пораз на почеток од новата сезона во Евролигата, од која нивните навивачи очекуваат многу.

Синоќа на гостувањето кај Макаби, Партизан не изгледаше како оној тим од минатата сезона, па беа заслужено поразени во првото коло со резултат 96:81.

Жељко Обрадовиќ за време на целиот натпревар беше лут и нервозен, но со причина, на своите играчи. Во еден момент тој тоа го искажа на начин за кој сега зборуваат социјалните мрежи.

Во свој стил, познатиот Обрадовиќ беснееше и им порача на своите кошаркари:

„Вие сте глумци, не сте играчи, не сте ебе*и играчи!“.