
(Видео) Тахири: Има политички сили кои не се заинтересирани да функционираме како заедничка држава
🔴 „Разврската би била во идни разговори помеѓу политичките партии во македонскиот и во албанскиот блок. За жал моделот којшто ние сме го избрале е добар во нормативно-правниот дел, но ние, за жал затајуваме и пречките ни е се во делот на спроведувањето на правата коишто се индивидуални, колективни. Мислам дека има страшен отпор од структури, сили коишто постојат во македонскиот политички блок и кои на некој начин не се баш заинтересирани за ние да функционираме како слободно, еднакво општество и како заедничка држава. Исто така има голем број на политички структури, сили, групации кои во албанскиот политички блок не се баш заинтересирани да функционира заедничката држава и мислам дека тука се прекршуваат копјата и тука имаме проблем“, вели Тахири.
„За жал во нашата држава политиката и во албанскиот политички блок станува чаршиска. Ако порано, бидејќи ние сме ги следеле процесите одамна, имаше некаква принципиелност во политичкото дејствување и во албанскиот политички блок сега преовладува прагматизмот, односно политичките партии на Албанците стануваат и на некој начин дејствуваат само како изборни политички партии. И ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ не се нешто подобри, особено партијата на Мицкоски, но мислам дека политичките партии на Албанците ова го докажуваат со конкретни потези.
-Тоа значи дека Алијанса на Албанците предводена од Арбен Таравари во моментов дејствува аритметички на политичката сцена, бидејќи ако со Вреди настапуваше на локалните избори проекциите беа дека може да остварува победа во две-три општини. Со договорот кој што е со ДУИ, а тоа значи дека Алијанса на Албанците предводена од Таравари ако настапува со свои кандидати за градоначалници во одредени општини, туку пред сѐ се мисли на Гостивар, Врапчиште, Боговиње, Теарце и Липково, ДУИ нема да истакнува свој кандидат во тие општини“, вели за магазинот „Трилинг“ универзитетскиот професор Сефер Тахири говорејќи за тоа за кои се првичните дејанија кои ги иницираше Таравари со потегот да се дистанцира од Вреди и да започне соло политичка игра.
„Објективно, мислам дека место во Владата за двата политички блока од Вреди веќе нема. Значи или едните или Таравари треба да ја напуштат владината коалиција. Тоа е политичката логика бидејќи Таравари на некој начин се дистанцираше од власта.
-Фактот дека рече дека од 100 километри се гледа дека не функционира добро владата, односно коалицијата Вреди во Владата е несинхронизирана, а тоа значи дека фактурата за несинхронизирањето на Вреди ја има Владата во целина, мислам дека он ги покажуваше неговите позиции.
-Приближувањето односно договарањето со ДУИ е исто така еден доволен показател којшто мислам дека му дава одврзани раце на Мицкоски да одлучува за оттргнување на Алијансата на Албанците од Владата, бидејќи главната поента на минатите избори на Мицкоски на партијата ВМРО-ДПМНЕ беше дека ДУИ има голема одговорност за лошата политичко-економска состојба, па дури геополитичката, геостратешката позиција на државата на меѓународно ниво. Мислам дека тука имаше и одредени констатации, заклучоци дека Бујар Османи водел лоши разговори, односно преговори со Бугарија итн., и сметам дека тоа одеднаш Мицкоски да го проголта, да го задржи партнерот на ДУИ во Владата би бил преголем влог, изјави професорот Сефер Тахири за тоа како Владата би функционирала доколку Мицкоски одлучи да го разреши или пак задржи Таравари во Владата во случај кога има директна конфронтација како одвоени политички субјекти – Таравари наспроти Вреди.
Околу апсурдот дека Таравари и Ахмети разговараат, а од друга страна Села повикува на обединување но без актуелниот министер за здравство и крилото на АА предводено од него, Тахири смета дека тоа уште во ’98 година тоа се има случувано.
„Првите зачетоци на ваквото непринципиелно, неприродно коалицирање помеѓу политичките партии на Албанците се случуваа 1998 година. Тогаш ДПА и ПДП беа многу конфронтирани политички партии, а на изборите настапуваа заедно. Тоа се случуваше со ДУИ и ПДП на претседателските избори кога Гзим Острени беше претседателски кандидати. Јас континуирано ги следам изборите од 1990 година и сакам секогаш да сум искрен со јавноста. Некој во минатото да ми кажуваше дека Мендух Тачи и Али Ахмети ќе бидат заедно во една коалиција не само што ќе беше шок и изненадување туку ќе се спротивставував со силни аргументи, вели Тахири.
„ДУИ е интересна политичка партија. Нејзиното појавување, природа на дејствување, нејзината политичка профилизација е секогаш интересна за анализа, но има и друг момент којшто сакам да го истакнам. ДУИ секогаш на политичката сцена се враќа магично“, вели Тахири и додава дека нема политичка партија на Албанците која не била во коалиција, директна или индиректна, во политичка и владина смисла со ДУИ.
„Зошто е тоа така? Пред се главниот фактор е дека ДУИ сѐ уште е најмоќната политичка партија на Албанците. Сегашните политички настапи се за мене непринципиелни. Се прагматични но во одредена смисла и чудни“, вели Тахири.
Околу тоа дали Приштина и Тирана имаат некакво влијание, Тахири вели дека улогата на Тирана во политичките процеси кај Албанците секогаш била голема. Тоа значи дека улогата била клучна во 1998 година кога се случуваше коалицијата ДПА и ПДП, кога се случуваше коалицијата помеѓу политичките закоравени противници Тачи-Ахмети-Села и ред други. Анализирајќи ги овие процеси и платформата од 2016-2017 кога Заев стануваше премиер и се враќаше на голема врата на политичката сцена, улогата беше голема.
-Која е улогата на Приштина? Која е улогата на Албин Курти којшто беше политички патрон на функционирањето на Вреди. Според мојата перцепција е дека ако е Рама заинтересиран албанскиот политички фактор да се окрупнува и на некој начин да дејствува посилно на политичката сцена, мислам дека Курти е неутрален. Тоа е доволно за овие процеси да се случуваат. Политичката иднина на државата мислам дека ќе биде доста интересна. Интересна во смисла за медиумите, за нас итн., но за жал граѓаните сѐ уште ќе се бават со македонско-албанските односи. Тоа мислам дека ќе одзема доста политичка, институционална енергија, но таква ни е државата. За жал ние не успеавме да градиме политички, правен, уставен модел којшто на некој начин ќе ги затвораше, не засекогаш, туку до одредена точка проблемите. Отворањето на проблемот на албанскиот јазик, отворањето на проблемот на Балансерот дека тој не чини, а не се дава алтернатива со што ќе се замени и ред други прашања мислам дека не водат кон друг политички процес“, вели Тахири и додава дека се работи за поголем политички процес.
„Разврската би била во идни разговори помеѓу политичките партии во македонскиот и во албанскиот блок. За жал моделот којшто ние сме го избрале е добар во нормативно-правниот дел, но ние, за жал затајуваме и пречките ни е се во делот на спроведувањето на правата коишто се индивидуални, колективни. Мислам дека има страшен отпор од структури, сили коишто постојат во македонскиот политички блок и кои на некој начин не се баш заинтересирани за ние да функционираме како слободно, еднакво општество и како заедничка држава. Исто така има голем број на политички структури, сили, групации кои во албанскиот политички блок не се баш заинтересирани да функционира заедничката држава и мислам дека тука се прекршуваат копјата и тука имаме проблем“, вели Тахири.
Целото интервју со универзитетскиот професор Сефер Тахири погледнете го во видеото.