(ВИДЕО) Тасева: ЈО е пред предизвик -борба против криминал и корупција

➡„Очекувањата се големи бидејќи долго време се соочуваме со состојба на јавно-обвинителство кое не успеа да одговори на својата задача, а тоа е да обезбеди борба против криминалот и владеење од тој аспект. Многу ниската доверба кои граѓаните ја искажаа кон ЈО, како и за проблемите коишто во одредени истражувања самите обвинители ги искажаа - дека станува збор за влијанија на нивниот начин на работење, но и на недоволното етичко работење, мислам дека првата задача на г-дин Савески ќе биде да го постави, уште на самиот почеток, ЈО како целосна организација, да почива на темелите на интегритет, на отчетност, одговорност во своето работење. Значи да се воспостават јасни критериуми според кои ќе се оценува и работењето и ефикасноста, меѓутоа и како ќе се оценува или ќе се обезбеди интегритетот во самата институција“, изјави во „Трилинг“, проф. Слаѓана Тасева околу тоа што би било прв тест, како и очекувањата од новиот Јавен обвинител, Ненад Савески.

„Очекувањата се големи бидејќи долго време се соочуваме со состојба на јавно-обвинителство кое не успеа да одговори на својата задача, а тоа е да обезбеди борба против криминалот и владеење од тој аспект.

Многу ниската доверба кои граѓаните ја искажаа кон ЈО, како и за проблемите коишто во одредени истражувања самите обвинители ги искажаа – дека станува збор за влијанија на нивниот начин на работење, но и на недоволното етичко работење, мислам дека првата задача на г-дин Савески ќе биде да го постави, уште на самиот почеток, ЈО како целосна организација, да почива на темелите на интегритет, на отчетност, одговорност во своето работење. Значи да се воспостават јасни критериуми според кои ќе се оценува и работењето и ефикасноста, меѓутоа и како ќе се оценува или ќе се обезбеди интегритетот во самата институција“, изјави во „Трилинг“, проф. Слаѓана Тасева околу тоа што би било прв тест, како и очекувањата од новиот Јавен обвинител, Ненад Савески.

Тасева смета дека покритични и поголема недоверба постои ви работењето на ЈО отколку во судовите.

„Во судовите работата е јавна. Таму се знае дека има трговија со влијанија, но и застој на чување на предметите, одолговлекување на постапките“, вели Тасева, и додава дека Савески мора да влезе во бескромисна борба против корупцијата.

„Тој едноставно нема друг избор. Савески треба да биде реален, дека не може да се бори со висока корупција, скап криминал, без доволно ресурси“, вели Тасева.

Околу финансиската зависност и дали таа прави проблем кај обвинителите и судиите, Тасева вели дека за жал имаме состојба каде што нивниот буџет се намалува за повеќе од половина од она што било предвидено во закон минатата година.

„Претходно беше 0,4% од вкупниот буџет на државата, сега е од собраните даноци, а тоа е многу растеглива категорија“, вели Тасева.

Говорејќи за системските пропусти, почнувајќи од Кочани, модуларната болница, ДУРМО турс и тн., Тасева смета дека тие се резултат на нефункционалноста на институциите, длабоката држава кој е во некаква спрега помеѓу политичките елити и бизнис влијанијата.

„Сите заедно делуваат во создавањето на една нефункционална држава и на системски слабости. Се соочуваме со страшни трагедии како резултат на се претходно споменато“, вели Тасева.

Целото интервју проследете го во видеото