Големо изненадување на УС Опен. Третиот носител Карлос Алкараз забележа неочекувана елиминација на последниот Грен слем оваа сезона.
Шпанецот беше елиминиран од Ботик Ван де Зандшулп, малку познат Холанѓанец, кој ја извојува можеби најголемата победа во кариерата и се пласира во третото коло во Њујорк (6-1, 7-5, 6-4).
Сонот на Алкараз да стане само третиот тенисер во отворената ера што ги освоил Париз, Лондон и Њујорк во иста сезона, беше запрен практично на почетокот.
Кога го напушташе теренот, тој со гестикулација покажа дека проблемот е во неговата глава.
Шпанецот делуваше очајно, а во знак на немоќ и нервоза поради слабата игра го искрши својот рекорд.
Сензационалниот победник Ван де Зандшулп во третото коло ќе игра против Британецот Џек Дрејпер.