Аргентинскиот репрезентативец Лионел Меси по два месеци пауза поради повредата на зглобот се врати на терените, постигнувајќи два гола во победата од 3-1 на Интер Мајами против Филаделфија во МЛС лигата.
Интер Мајами беше во негатива по погодокот на Филаделфија уште во втората минута од средбата, но потоа Меси израмни во 26. минута, а потоа стрелаше и во 30. минута за целосен пресврт.
Победата на Интер Мајами ја заокружи Луис Суарез во осмата минута од судиското продолжение, а на асистенција токму на Меси.